Мукаетов најверојатно нов претседател на РФМ

Генералниот директор на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, Живко Мукаетов најверојатно ќе ја преземе претседателската функција во Ракометната федерација на Македонија (РФМ).Управниот одбор на РФМ на состанокот во четвртокот во Скопје едногласно го предложи Мукаетов за нов челник на федерацијата, на местото на досегашниот претседател Михајло Михајловски.Изборното собрание е закажано за 9 март, а веројатноста Мукаетов да биде избран за нов претседател на РФМ е огромна, со оглед на тоа што на денешната седница на Управниот одбор доби едногласна поддршка.Извршниот орган на федерацијата ја усвои оставката на селекторот на машката репрезентација Звонко Шундовски и се заложи најбрзо што може да се избере негов наследник, оставајќи му ја таа задача на новиот УО.Македонија на почетокот на април игра двомеч против Шпанија во рамките на квалификационата група за Европското првенство 2014 во Данска, кој може да биде клучен за тоа дали македонските ракометари ќе ја продолжат низата настапи на големите натпреварувања.
 
МакфаксГенералниот директор на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, Живко Мукаетов најверојатно ќе ја преземе претседателската функција во

Пронајдете не на следниве мрежи: