Мукоски до СДСМ: Никогаш не сте дошле на власт со волја на граѓаните

Во вашите очи гледам страв заради тоа што по трет пат не ви успеа она сценарио што го правите од осамостојување на Македонија. Овие зборови кон пратениците на СДСМ ги упати пратеникот на владејачката партија Крсто Мукоски.-Ниту еднаш на легитимни избори со волја на граѓаните не сте дошле на власт.  И ’93-та, ’94-та знаете како дојдовте на власт и после воениот конфликт знаете како дојдовте на власт и денес сакавте на истиот начин да дојдете на власт. Без да ја одобрите волјата на граѓаните на Република Македонија. И денес што направивте? Денес  повторно вие го погазувате Пржинскиот договор. Овие ваши министри вие ги пуштивте низ вода.  Ние само ги констатиравме оставките што сами си ги дадоа. Вашиот страв е заради тоа што конечно после 2 години ништење на оваа држава, она што граѓаните ќе го почувствуваат после година-две. Правите класично ништење на државата по сите основи со сите оние, има и чесни луѓе, но и добра група на хулигани кои го ништат општествениот имот, кои поливаат канти со поликолор врз нашите полицајци. Се со цел да интервенираат за да предизвикате нешто поголемо. Тоа нема да го добиете! Стравот ви е поради тоа што не ви успеа. Треба да загреете столче, конечно еднаш да напишете програма, да понудите нешто пред граѓаните и да излезете на избори да победите. Оние битанги од Белград што ви даваат совети да ги протерате и да седнете малку да размислите како и на кој начин ќе ги добиете изборите со понуда кон граѓаните, порача пратеникот.-Ниту еднаш на легитимни избори со волја на граѓаните не сте дошле на власт.  И ’93-та, ’94-та знаете како дојдовте на власт и пос

Пронајдете не на следниве мрежи: