Мумбаи се приклучува кон растечката мрежа на flydubai

Превозникот најавува лансирање на пет лета неделно до Мумбаи и зголемување на фреквентноста до Делхи од октомври. flydubai, со седиште во Дубаи, денес го најави лансирањето на летовите за Мумбаи, зголемувајќи го бројот на дестинации опслужувани од превозникот до Индија на вкупно 7 со 25 лета неделно.flydubai во јуни двојно ја прошири својата мрежа во Индија со летовите за Делхи, Кочи и Тривандрум. Новите летови се резултат на проширените билатерални договори што во последните 12 месеци ги потпиша Индија со Дубаи.
Почнувајќи од 28 октомври 2014 година, flydubai ќе оперира со пет директни летови неделно меѓу Интернационалниот аеродром во Дубаи Терминал 2 и Чатрапти Шиваџи, Интернационалниот аеродром во Мумбаи, додека истовремено ја зголемува фреквентноста на летовите за Делхи на пет неделно.
Коментирајќи ја веста, Главниот извршен директор на flydubai, Гаит Ал Гаит изјави: „Индија и Обединетите Арапски Емирати делат блиски релации низ историјата и се динамични трговски партнери. Возбудени сме што и понатаму придонесуваме за дополнителен раст на патувачкиот и трговскиот сегмент преку лансирањето на нашите летови за Мумбаи.“
Според извештаите издадени од Генералниот Конзулат на Индија, трговската размена меѓу Индија и ОАЕ во 1970 е проценета на 180 милиони американски долари годишно, а денес е процената на повеќе од 44 милијарди УСА долари, со што ОАЕ стануваа еден од најголемите трговски партнери на Индија.
Судхир Средхаран, Постар заменик комерцијален претседател (Голфските земји, Субконтинентот, Африка) за flydubai изјави: „Среќни сме што го гледаме напредокот направен оваа година кон зајакнување на трговските, патувачките и туристичките врски меѓу Дубаи и Индија со зголемување на капацитетите меѓу овие пазари. Летовите на flydubai за Мумбаи, Делхи и пет други дестинации на овој пазар ќе овозможат повеќе опции за патниците од Индија да се поврзат преку ефикасниот авијациски центар на Дубаи до другите дестинации од нашата мрежа. Нашата неодамна лансирана бизнис класа сега е достапна на сите наши нови дестинации за Индија, Делхи, Кочи, Мумбаи и Тривандрум.“

Со додавањето на Мумбаи, flydubai изгради мрежа од 76 дестинации во 37 земји. Авиопревозникот поседува флота од 38 авиони и оперира повеќе од 1100 летови неделно во радиус од пет и пол часа од Дубаи.
Детали за летовите:
flydubai ќе оперира пет пати неделно помеѓу Дубаи и Мумбаи, почнувајќи од 28 октомври 2014 година.
Летот FZ445 ќе полетува од Дубаи Интернационалниот аеродром – Терминал 2 во 22:40 часот по локално време, пристигнувајќи на Чатрапти Шиваџи Интернационалниот аеродром во 03:00 часот по локално време.
Летот FZ446 ќе полетува Чатрапти Шиваџи Интернационалниот аеродром во 04:00 часот, слетувајќи на Дубаи во 06:00 часот по локално време.
Билети во два правци
Повратните билети за Економска класа до Мумбаи ќе започнуваат од 185 ЕУР, вклучувајќи 20 килограми багаж за чекирање, додека повратните билети за Бизнис класата ќе започнуваат од 499 EУР, во кои се вклучени сите такси, како и 40 килограми чекиран багаж.
Летовите ќе можат да се резервираат веќе од денес преку веб страницата на flydubai (flydubai.com), преку call центарот (+971 600 54 44 45) или (0124 477 6638 – од Индија), flydubai продажните салони или преку партнерите на компанијата. Дополнителни информации и детали за услугите на авиопревозникот во однос на изнајмување на возила и патничко осигурување, посетете ја веб страницата: flydubai.comflydubai во јуни двојно ја прошири својата мрежа во Индија со летовите за Делхи, Кочи и Тривандрум. Новите летови се резултат на проширените билате

Пронајдете не на следниве мрежи: