Муслиман од Мичиген открива зошто би нападнал црква: „Лесно е, многу луѓе одат таму и со себе…“

Муслиман од Детроит, Мичиген, се најде во проблеми со законот откако се радикализираше и ги прифати догмите на ИСИС.Калил Абу-Рајан беше уапсен во октомври минатата година поради нелегално поседување на оружје и злоупотреба на дрога, но властите скоро го осудија и за тероризам. И додека сѐ уште не е осуден, властите веруваат дека Абу-Рајан е дел од плановите на ИСИС за креирање на напади во САД.
ФБИ го следи Абу-Рајан уште од мај минатата година и се сомнева дека е во контакт со ќелии на ИСИС.
Таен агент успеа да извлече деликатни информации од него, откривајќи за јавноста дека Абу-Рајан еден ден планирал да изведе напад во црква.
Според наодите, тој дал просто објаснување за олеснителните околности при таргетирањето на христијанска црква.
„Лесно е. Многу луѓе одат во црква и плус што не им е дозволено да носат оружје со себе кога влегуваат во светиот објект“ – изјавил тој.
Меѓу другото, тој додал дека на тој начин ќе успее да го привлече вниманието на јавноста и дека секој ќе слушне за неговото дело.
Абу-Рајан извесно време се подготвувал за напад и разузнавачките служби дури имаат и сознанија дека купил калашников. Исто така, тој чувал меч во автомобилот бидејќи отсекогаш мечтаел да обезглави некого.
Тајниот агент го снимал разговорот со овој маж и за среќа, неговите намери се спречени на време.Калил Абу-Рајан беше уапсен во октомври минатата година поради нелегално поседување на оружје и злоупотреба на дрога, но властите скоро го осудија

Пронајдете не на следниве мрежи: