четврток, 12 ноември 2026
Најново

Муслиманската банда ИСИС во име на Исламот дневно заработува 3 милиони долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Екстремистите на Исламската држава за финансирање најпрвин се потпирале на богатите дoнатори од Персијскиот залив, но сега заработуваат повеќе од три милиони долари дневно со криумчарење на нафта, твговија со луѓе и кражби- наведуваат американските известувачи и стручњаци.Исламската држава контролира и до 11 нафтени полиња во Сирија, кажуваат аналитичарите, а продаваат нафта и друга роба преку стари криумчарски мрежи во земјите против кои се бори власта во курдската област на северен Ирак, Турција и Јордан.
Оваа организација исто така заработила милиони долари со криумчарење на антиквитети од Ирак и Турција како и од продажба на жени и деца како сексуално робје.

Во оваа активност на собирање на пари потсетуваат на мафијашка организација. Добро се организирани, систематични и сето тоа го спроведуваат со заплашување и насилство- кажува американски известувач.
Американските известувачи не мислат дека владата на тие земји е вмешана во криумчарењето но владата на САД бара од нив сето тоа да се сузбие.Исламската држава контролира и до 11 нафтени полиња во Сирија, кажуваат аналитичарите, а продаваат нафта и друга роба преку стари криумчарски мрежи

Поврзани вести