МВР да се зафати со решавање на проблемите што ја загрозуваат безбедноста

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е „дефокусирање на јавноста и занимавање со ланскиот снег“ денешниот брифинг на Министетството за внатрешни работи во врска со сметки и фактури за ручеци што ги направиле поранешните раководства на МВР, УБК и БЈБ.Во соопштението-реакција партијата го повикува МВР и министерот Оливер Спасовски да се зафатат со, како што наведува, вистинските проблеми кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и кои предизвикуваат тензии, како што е наоѓање на виновниците за сквернавењето на православните гробишта во Љуботен.
– СДС некрофилски се обидува да ги поврзе трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби Никола Младенов, грозоморното убиство кај Смилковското Езеро и настаните во Диво насеље со оперативното работење на службите и нивните контакти со странски гости, делегации и соработници. Манипулација од најнизок тип е обидот на СДС да ја излаже јавноста дека функцинерите во МВР се расфрлале. МВР до пред две години, односно до доаѓањето на СДС на власт имаше соработка со бројни служби која вроди со исклучителни резултати признаени и на меѓународен план, пишува во рењакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, во изминатите две години откако СДСМ го презела МВР, не била реализирана ниту една посериозна акција, а криминалот, тврди оваа партија, се повеќе зема замав.
– СДС веќе не е опозиција и народот нема никаква полза од нивната глума и манипулација.  Граѓаните се сведоци од каубојското дивеење по дискотеки и кафулиња на криминалци блиски до Заев. Јавноста е сведок дека секојдневно се зголемуваат жртвите по автопатиштата низ државава. Граѓаните очекуваат СДС конечно да сфати дека е на власт и дека има одговорност да ги решава проблемите, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението-реакција партијата го повикува МВР и министерот Оливер Спасовски да се зафатат со, како што наведува, вистинските проблеми кои ја з

Пронајдете не на следниве мрежи: