Министерството за внатрешни работи информира дека до 15 часот, по извршениот претрес на теренот во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје пронајдени се 21 починатo лицe, од кои идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за 1 лице сеуште трае утврдувањето на идентитетот.Починатите лица се пронајдени на подрачјето на Гази Баба односно: Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и Црешево.
Од 07 до 11 часот, дополнително се пријавени уште 56 повредени лица на третман во здравствени установи, од кои девет се задржани, а останатите се пуштени на домашно лекување.
Се преземаат мерки поради настанатата елементарна непогода,и притоа дадени се конкретни задачи на сите вклучени државни органи во делот на претрес на терен, со цел пронаоѓање евентуално други настрадани лица, потоа настанати штети, како и воспоставување на елементарни услови за живеење.
Од страна на екипи од Општината Гази Баба и Град Скопје ангажирани се правни лица со механизација за расчистување на штетите настанати од непогодата.
Од страна на против пожарната бригада се испумпува водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и во правецот од влез од нас.Ченто према с.Арачиново, додека пак во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран.
Во текот на целокупната активност од страна на МВР – ОСПО покрај полициските службеници ангажирани се 34 дефендери, 9 пинцгауер, 3 џип чироки, 5 хермелини, 3 хамери, 1 подвижна механичарска работилница, 3 санитетски возила и 3 хелихоптери, додека пак од СВР Скопје,, 4 комбиња фолксваген, 5 дефендери и 5 јети.Починатите лица се пронајдени на подрачјето на Гази Баба односно: Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и Црешево.
Од 07 до