Не е вистина дека сум го тепал Тодор Петров. Ова вчера за „Дневник“ го изјави Беќир Асани, шеф на чаирскиот разгранок и член на претседателството на ДУИ, кој лично Петров посочи дека бил главен во групата која го претепала во саботата во еден скопски ресторан, по поставувањето на камен-темелникот за изградба на големиот крст во Бутел, пренесува Дневник.И додека полицијата три дена го бара Асани за инцидентот во скопскиот ресторан, тој вчера, нешто по 15 часот, во друштво на чаирскиот градоначалник Изет Меџити и пратеничката Ермира Мехмети влегоа во централата на ДУИ во Мала Речица каде што партијата требаше да одржи Централно претседателство.
На прашањето од Дневник дека полицијата три дена го бара и дали евентуално веќе бил на распит во МВР, Асани само кусо ни одговори:
– Јас сум тука.
Чаирскиот градоначалник Меџити, кој заедно со Асани и пратеничката Мехмети во саботата преку протест се обидоа да го спречат поставувањето на камен-темелникот на крстот во Бутел, одби да ни одговори зошто не спречил Асани да го истепа Петров, бидејќи според кажувањата на Петров, во ресторанот бил присутен и Меџити, но ништо не сторил.
– Доста прашуваш, врне – рече Меџити.
Чаирската тројка вчера со едно возило пристигна и во седиштето во Мала Речица.
-Иако екипата на „Дневник“ ги чекаше функционерите на ДУИ пред влезот во централата во Речица, ниту еден од 30-те члена на Централното претседателство на ДУИ вчера не сакаше да коментира дали тема на состанокот ќе биде и инцидентот од викендов, особено што официјалниот став на партијата е дека ќе ги преземат сите законски можности да не дојде до изградба на 50-метарскиот крст во Бутел. Пратеникот на ДУИ и шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети веќе најави дека е можно да почнат референдумско изјаснување на граѓаните на Бутел за крстот, пишува Дневник.
МВР сe уште го бара Асани
Од МВР вчера повторија дека веќе е разговарано со неколку лица во врска со инцидентот како и со вработените во ресторанот. Полицијата воедно потврди дека се трага по лицето што Петров го посочил како еден од тепачите.
– МВР работи на целосно расветлување на случајот и евентуално остварување разговор со други лица кои биле инволвирани во настанот – велат од полиција.
И додека полицијата три дена го бара Асани за инцидентот во скопскиот ресторан, тој вчера, нешто по 15 часот, во друштво на чаирскиот градоначалник