МВР со детали за вчерашните случувања пред СПУКМ

На 30.06.2016 година, во периодот од 16:30 до 2 часот на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, поточно пред студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“, беше одржан протест од страна на група од околу 150 студенти, заради изразување незадоволство од начинот на спроведување на гласање за избор за нов Претседател на студентски парламент, стои во соопштението испратено од Министерството за внатрешни работи, а во врска со вчерашните случувања пред СПУКМ.во продолжение интегрален текст од соопштението на МВР
Студентскиот парламент на Универзитетот Св.Кирил и Методиј до СВР Скопје достави писмено известување дека на 30.06.2016 година во период од 09,00 до 16,00 часот, на 23 факултети во склоп на Универзитетот ќе се одржат избори за Претседател на СПУКМ.
Притоа, поради претходно упатени јавни закани во медиуми и социјални мрежи за попречување на избирачкиот процес и кршење на кутии во дописот е побарано да се обезбеди физичко присуство на полициски службеници пред канцелариите кои се наоѓаат на бул.„Митрополит Теодисиј Гологанов“ и на факултетите, како и при транспортот на кутии од факултетите кон канцелариите.
По завршување на гласањето околу 16,30 часот во СВР Скопје добиено е телефонско известување од страна на официјален претставник од изборната комисија на УКИМ и претставник од студентскиот парламент, дека група студенти кои се наоѓале пред студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, (каде се сместени канцелариите на Студентскиот Парламент), попречуваат внесување на избирачкиот материјал за пребројување во канцелариите.
Од страна на полициски службеници од полициската станица Центар излезено е на местото на настанот и извршен е разговор со пријавителите, на кои им е укажано дека полицијата презема мерки и дејствија, доколку е нарушен јавниот ред и мир или е извршено кривично дело, како и во кои случаи полицијата дава асистенции, при што полицските службеници си заминале.
Во меѓувреме, бројот на студентите се зголемил на околу 150, при што дел од нив започнале да тропаат по вратата од објектот и ја оштетиле. По ова, од страна на претставниците на студентскиот парламент повторно во СВР Скопје во три наврати (20,45, 21,00 и 21,30 часот) беше пријавено дека се плашат да излезат надвор, бидејќи непознати лица им светеле со ласери и им се заканувале дека доколку излезат, истите ќе ги бојадисаат.
По пријавата, на местото на настанот, превентивно се распоредени соодветни полициски сили со цел да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем и да се овозможи нормално движење на студентите пред и во објектот. Во тој момент пристигнале тројца студенти кои носеле гласачки кутии и истите од страна на групата на студенти собрани пред објектот биле навредувани  со  погрдни зборови, им биле упатувани закани и не им било дозволено да влезат во објектот.
Полициските службеници превентивно и без употреба на средства за присилба се поставиле пред влезот на објектот, со цел безбедно да влезат тројцата студенти. Кога тројцата студенти со гласачките кутии пристигнале пред вратата на објектот, таму веќе се наоѓале група студенти кои не им дозволувале да влезат во објектот и истите одзеле една кутија, при тоа фрлајќи ја на земја започнале да им се закануваат. Дел од студентите кои биле поставени позади полицискиот кордон, пробале да го пробијат, но истите од страна на полициските службеници се  задржани на безбедно растојание и преземени се мерки за одалечување на лицата кои се наоѓале пред влезот на објектот.
Околу 23,30 часот, лицата кои биле во канцеларија, најпрвин половина од нив пробале да излезат од задната страна на студентскиот дом, каде биле пресретнати од поголема група на граѓани кои почнале да им се закануваат, за што од страна на полициски службеници била поставена блокада на групата со цел да се овозможи безбедно заминување на лицата кои биле во канцелариите на Студенскиот дом. По ова, при обид лицето К.С и уште десеттина студенти  да излезат од задната страна на објектот, биле пресретнати од група на студенти, при што К.С. бил вербално навредуван и во еден момент бил удрен со тврд предмет, поради што заедно со останатите студентите се вратил во објектот, а групата се упатила кон нив и ја скршиле задната врата.
Од страна на полициски службеници поставена е блокада со цел групата да одржи на безбедно растојание и да се овозможи студентите кои се наоѓале во објектот, слободно да го напуштат. По напуштањето на објектот присутните студенти кои протестирале се задржале пред објектот до 02,00 часот, по што си заминале.во продолжение интегрален текст од соопштението на МВР
Студентскиот парламент на Универзитетот Св.Кирил и Методиј

Пронајдете не на следниве мрежи: