МЗШВ: Дополнителниот заменик-министер за земјоделство ги извртува наводите од ревизорскиот извештај

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство ги извртува наводите од ревизорскиот извештај со цел да добие политички поени или да ја прикрие нетранспарентната распределба на земјоделското земјиште од страна на Владата на СДСМ, реагира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во писмената реакција на денешната изјава на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, ресорното Министерство посочува дека стрикно се применувал членот 32 од Законот за земјоделско земјиште во однос на објавувањето на повеќе јавни огласи за доделување земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп.
– Тоа значи дека пред да се објават огласите, подрачните единици ги обезбедуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности и за сите слободни парцели кои се во сопственост на РМ во чиј имотен лист нема забележано кориснички прави и друг товар, истите се предлагаат како слободни за огласување. Потоа, при воведување на владение со присуство на геометар се врши увид на лице место и се констатира фактичката состојба на терен, појаснува МЗШВ.
Притоа се додава дека доколку бидат констатирани правни фактички пречки за воведување во владение, земјиштето не се предава во владение, се додека не се отстранат тие пречки, а доколку во рок од една година од денот на склучување на договорот за закуп, земјоделското земјиште не се воведе во владение поради правни и фактички пречки, договорот престанува да важи.
– Согласно наведеното, увид на лице место е направен на целокупното земјоделско земјиште во државна сопственост кое било предмет на објавување на јавен оглас и предмет на доделување, се нагласува во реакцијата.
Министерството потенцира дека во однос на наплатата на закупнината се води целосна и навремена контрола и доколку некој од закупците не ја плаќа закупнината во законски предвидениот рок, им се доставува опомена пред раскинување. – Доколку и понатаму во предвидениот рок закупецот на ја плаќа закупнината, се пристапува кон раскинување на договорите за закуп односно се поведува постапка за наплата на закупнината пред надлежен суд. Договорите се раскинуваат и престануваат да важат согласно законски пропишана постапка во Законот за земјоделското земјиште, посочува МЗШВ.
Во однос на обвинувањето дека по раскинување на договорот за закуп, земјиштето не е вратено во првобитна состојба и не е составен записник за враќање во владение, од Министерството укажуваат дека предвиден е рок по собирање на тековната реколта, но не подолго од 1 година, закупецот да го предаде владението. – За раскинатите договори иако во законот не е предвидено постапката за одземање на владение, се практикува одземање на владението со записник од страна на Комисијата за воведување во владение, се истакнува во реакцијата.
Од МЗШВ посочуваат дека се доставени банкарски гаранции за квалитетно и навремено извршување на обврските за сите договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, од кога е предвидена законската должност во договорите склучени за површини над 10 хектари, односно за површини над 3 хектари.
Оттаму прашуваат кој ќе одговара за распределените 100.000 хектари земјоделско земјиште на само 411 земјоделски стопанства во периодот до 2006 година кога на власт бил СДСМ.Во писмената реакција на денешната изјава на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, ресорното Министерство посочува дека стрикно се приме

Пронајдете не на следниве мрежи: