Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кому очигледно му недостасува медиумско внимание и е опседнат со тоа дали ќе испие кафе во министерскиот кабинет, денеска повторно во јавност искажа свои извртени и неосновани видувања. Николовски по којзнае кој пат ги повтори своите клевети, манипулации и дезинформации за министерството, министерот Цветков и за состојбите во земјоделството, се вели во реакцијата од МЗШВ.Реакција на МЗШВ
На почетокот да кажеме дека министерот Цветков не избегнува дебата во јавноста, туку очекува компетентен соговорник кој има познавање од секторот земјоделство. Потврда за тоа е фактот што министерот Цветков веќе имаше медиумско „соочување“ со Николовски, но на таа „дебата“ најмалку се говореше за состојбите во земјоделството, а гледачите можеа да видат и чујат политиканство од страна на дополнителниот заменик министер, кој, очигледно има ниско ниво за демократска расправа.
Во однос на лозарството, министерството за земјоделство ќе потсети дека пред изменувањето на законот за лозарство и винарство, беа направени неколку јавни трибини за консултации со винарии и лозари. Тие ги прифатија предлозите и решенијата, за да не се појави опасност грозјето да не биде откупено. Заеднички беше констатирано дека исплатата треба да се изврши во рок од 6 месеци, но во три рати. Првата рата од 20% да бидат исплатени до 15 декември во годината кога е извршен откупот. Следната исплата, во висина од 40%, ќе биде најдоцна до 15 февруари, додека преостанатите 40% треба да се исплатат до крајот на април наредната година од годината во која бил откупот.
Дополнително, со взаемна согласност беше договорено да останат ланските цени, односно 11 денари за килограм смедеревка со 17 шеќерни единици и 19 денари за килограм кратошија со 19 шеќерни единици.
Во врска со актуелната состојба со откупот на винското грозје, министерот Цветков во синоќешната ТВ емисија кажа дека Владата и министерството за земјоделство ја следат состојбата со откупот на винското грозје и ќе се изнајдат решенија. Впрочем, Владата и денеска расправа по предлог решение на МЗШВ и по донесувањето на конкретно решение јавноста навреме ќе биде информирана.
МЗШВ смета дека Николовски наместо да даде издржани предлози за надминување на проблемите намерно ја дезинформира јавноста и со измислици дека „инспекторите од ДИЗ вршеле некаков притисок на откупните пунктови“. Напротив, ако ги сретнал и ги слушнал лозарите, тие ќе му кажеле дека инспекторите професионално си ги извршуваат своите законски обврски.
Сето ова говори за неспособноста и за незнаењето на Николовски кога е во прашање решавањето на проблемите на македонските земјоделци. Но, тоа и не е изненадување бидејќи станува збор за човек кој не може да ги види ниту прозорците во неговата канцеларија, а не па реалната слика во македонското земјоделство.Реакција на МЗШВ
На почетокот да кажеме дека министерот Цветков не избегнува дебата во јавноста, туку очекува компетентен