Манев: По убиството на Вања, Палчо запали цигара и го отвори телефонот

„Кога Палчо ја уби Вања, јас не бев далеку, само десетина метри. Го видов како ја држи перницата и пука во неа“, го продолжи своето сведочење денеска Велибор Манев, обвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевска.

„Потоа извади нов алат од колата и нè натера да ископаме дупка и да ја закопаме.

Социјалните мрежи вријат: „Облечете униформи, од утре да не ве гледаме во црно“ – Закани кон ученици во Прилеп за мирниот собир за трагедијата во Кочани!

Единственото движење на телото беше кога го стававме во дупката.

Копавме околу 20 минути и за тоа време не го поместивме телото на Вања додека не ја ставивме внатре.

Додека одевме накај Глуво со автомобилот, Палевски ја чистеше лопатата за да ги сокрие трагите, а Кешишев ги фрли алатите во долината.

По убиството Палчо запали цигара и го отвори телефонот.

„Тогаш видов што се случува на интернет и колкава врева се создаде“, додаде Манев.

Пронајдете не на следниве мрежи: