На 2 декември ќе се реализира акцијата за пошумување „Ден на дрвото“ во Кочани

Во среда, на 2 декември, во Кочани ќе се спроведе 16 акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.На локацијата над Фабриката за вода, на површина од 3-4 хектари се планира да се засадат околу 6 илјади садници, чемпрес и багрем.
Акцијата ќе започне од 9 ч., а во неа ќе учествуваат вработените во јавните и во приватните институции, ученици од основните и од средните училишта и граѓаните на Кочани што сакаат да дадат придонес во озеленувањето на околината.
Годинешното мото на акцијата е „Засади успех“ и тоа всушност се однесува на сите досега реализирани акции, во кои процентот на зафатеност на засадените дрвја е 60 отсто.
Општина Кочани како еден од организаторите на акцијата на локално ниво, ги повикува сите граѓани да учествуваат во неа.
Втори декември ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија. Денот за одработување дополнително ќе биде утврден.На локацијата над Фабриката за вода, на површина од 3-4 хектари се планира да се засадат околу 6 илјади садници, чемпрес и багрем.
Акцијата

Пронајдете не на следниве мрежи: