На 24-ти февруари ќе биде објавен огласот за финансиска поддршка на земјоделските задруги

На 24-ти февруари ќе биде објавен огласот за финансиска поддршка на земјоделските задруги, истакна денес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.Министерот Цветков потенцира дека посветуваат големо внимание на земјоделските задруги и додаде оти досега се формирани 27, од кои 22 се од мал обем, од 10 до 19 членови.
Два милиони евра се обезбедени преку ИПА 2 за земјоделските задруги.
Тој потенцира дека на 10 февруари ќе биде објавен оглас за набавка на пчелни матици и за опрема за пчеларите.
Со ова е задоволено барањето на пчеларите.
Издвоени се и 1 милион евра за инвестиции за пасиштата.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски нагласи дека огласот за млад земјоделец излегува утре во дневните весници и ќе трае еден месец. Ќе можат да аплицираат сите кои имаат бизнис план, програма за реализација на инвестиција до 10 илјади евра.
– Интересесот е огромен. Се интересираа многу земјоделци заради тоа што лани имаме исплатено околу 45 милиони денари. Лани од 143 апликации поднесени, 134 се одобрени, рече Костадиновски.
На денешниот состанок со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа и градоначалниците на општините Новаци, Кисела Вода, Ресен, Кривогаштани и Василево Лазар Котевски, Билјана Беличанец-Алексиќ, Ѓоко Стрезовски, Тони Заткоски, Ванчо Стојанов кои имаат висок степен на искористеност на мерките од програмата за рурален развојМинистерот Цветков потенцира дека посветуваат големо внимание на земјоделските задруги и додаде оти досега се формирани 27, од кои 22 се од ма

Пронајдете не на следниве мрежи: