На 6 години добила тажна дијагноза: Погледнете ШТО прави денес ова храбро девојче!

Ники Кристу има само 11 години, но ова девојче од Лондон е вистинска ѕвезда на Јутјуб. На нејзиниот канал „Ники Лили“ (Nikki Lilly) покажува како се шминка.Понекогаш има туторијали за секојдневни ситуации, а понекогаш за свечени прилики. Би можеле да си помислите дека Ники е премлада за шминкање, но нејзината приказна има сериозна позадина.
Ники страда од АВМ, артериовенска малформација. Нејзините вени директно се споени со артериите, без да се наоѓаат капилари меѓу нив. Посебно се изразени во пределот кај лицето.
На 6 години добила тажна дијагноза, но не се предала. Веќе три години на гледачите им покажува како се шминка, купува облека и зборува за својата болест.

Често меѓу коментарите ќе се најдат некои со злобна содржина дека не би требала да се појавува во јавноста поради болеста, но Ники се фокусира само на позитивните аспекти.
Над 40.000 луѓе ја следат и се восхитуваат на нејзината храброст.
Понекогаш убавината не е во окото на набљудувачот, туку во личноста која носи позитивни мисли за себе.
Понекогаш има туторијали за секојдневни ситуации, а понекогаш за свечени прилики. Би можеле да си помислите дека Ники е премлада за шминкање, но не

Пронајдете не на следниве мрежи: