На 6 јули во Ресен започнува традиционалниот театарски интрнационален фестивал Актерот на Европа

Со свечена програма и изведба на театрската престава ‘’Умирам Пеејќи – Наум Манивилов “  на 06 јули во ресенскиот реновиран амфитеатар со почеток од 21 часот ќе започне традиционалниот  Интернационален театарски фестивал “АКТЕРОТ НА ЕВРОПА”.Во шестдневаната програма од 6 до 11 јули на сцената во ресенскиот сарај  љубителите на театарската уметност ќе можат да проследат театарски изведби од Црна Гора, Србија, Франција , Бугарија и Македонија.
Годинешен лауреат на Фестивалот е  Јон Карамитру кој ќе биде прогласен за  Актер на Европа и Доктор Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА, Скопје.Јон Хориа Леонида Карамиру ( 9 март 1942) е романски театарски и филмски актер, режисер, како и политичка фигура. Тој беше министер за култура во периодот помеѓу 1996 и 2000 година.
 Фестивалот “Актерот на Европа” беше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне “Да се гради Европа значи да се гради мир”. По прогласувањето од страна на Европскиот Парламент на митското Преспанско езеро за меѓуграничен европски парк помеѓу Грција, Албанија и Македонија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот. 
Почнувајќи од далечната 2003 година, кога за Актер на Европа беше прогласен легендарниот балкански актер Љуба Тадиќ од Србија, продолжувајќи со Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија, Ана Патерсон од Шведска, Раде Шербеџија од Хрватска, Милена Зупанчиќ од Словенија ,oваа година со ова престижно признание ќе се стекне романскиот театарски и филмски актер, режисер и поранешен министер во Владата на Република Романија г-дин Јон Карамитру.
Фестивалот на кој до сега учествувале повеќе од 150 претстави од скоро сите европски земји, се одржува во организација на Езеро Без Граници, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, а со поддршка на Министерствот за култура на Република Макеоднија. 
Во рамките на Свеченото Отворање на Фестивлаот ќе се доделат и наградите  Клучевите на Преспа 2016 на Владо Матевски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје и потпретседател на МАНУ, и Д-р Андраж Чарни, предавач и стручен соработник на Словенечката академија на науки и уметности. Наградата им се доделува за нивниот особен придонес во  проучувањето на флората во Македонија, и особено за уникатната флора на планината Галичица, кое што публикувано во бројни научни публикации.  Со тоа не само што  ја збогатија сферата на својата специфичнао научно делување,  туку  и посредно го афирмираа и преспанскиот регион во еден поширок контекст.Во шестдневаната програма од 6 до 11 јули на сцената во ресенскиот сарај  љубителите на театарската уметност ќе можат да проследат театарски

Пронајдете не на следниве мрежи: