На барање на граѓаните продолжува еко кампањата „Старо донеси, ново однеси“

Од 16ти октомври до 16ти ноември, 2015 година, за секој предаден стар и нефункционален електронски и електричен апарат од домаќинството, во салоните на Техномаркет, ќе се добива вредносен ваучер кој што ќе може да се искористи за купување на нов производ.Техномаркет и Нула Отпад по втор пат оваа година ја организираат големата еко кампања „Старо донеси, ново однеси“. Оваа едномесечна еко кампања на граѓаните им нуди можност своите стари, нефункционални електронскии електрични апарати од домаќинствата да ги заменат за вредносен ваучер со кој што ќе можат да го искористат за купување на нов производ. Овој пат, за разлика од претходниот, организатроите на кампањата овозможија дополнителна вредност на ваучерите за сите граѓани кои своите стари уреди сами ќе ги достават до продажните објекти на Техномаркет. Но, ако во тоа не успеат, слободно можат да побараат негово преземање од нивните домови.
„Големиот интерес и учество на граѓаните во минатата еко кампања, како и нивните барања таа да се повтори нè охрабри истата пак да ја спроведеме. Самото име „Старо донеси, ново однеси“ ја објаснува улогата на кампањата која што им овозможува на граѓаните да се ослободат од својот стар електричен и електронски отпад, а за возврат да добијат ваучер со кој ќе можат да си купат нов производ од нашите салони. Се надеваме дека во иднина овој тип на справување со штетниот отпад ќе стане традиција за нас и граѓаните, преку која заедно ќе придонесуваме за зачувување и заштита на животната средина“, истакна Александар Медарски, раководител на малопродажба во Техномаркет.
И оваа Еко кампањата „Старо донеси, ново однеси“ Техномаркет ја организира со помош на друштвото за управување со електронски отпад, отпадни батерии и акумулатори, Нула отпад. Заедничката цел е помагање и информирање на граѓаните за законските процедури и правила. Кампањата е во согласност со Законот за управување со електрична и електронска опрема според кој електричниот и електронскиот отпад треба да се складира на соодветни места. Во спротивно, Законот предвидува казни од 60 евра за фрлање електронски отпад на несоодветно место.
„Зимајќи ја предвид успешноста на претходната еко кампања, ни преставува огромно задоволство што повторно ќе учествуваме во „Старо донеси, ново однеси“. Ние како Друштво за управување со отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори, заедно со Техномаркет и граѓаните сме на добар пат да изградиме систем на висока општествена одговорност и придонесеме за поздрава и почиста околина. Уверени сме дека повторената акција ќе придонесе за поголемо будење на свеста кај граѓаните, како и на капацитетите за справување со опасниот отпад од современото технолошко општество кое е многу важно за развојот и просперитетот на подобра средина во која сакаме да живееме”, изјави Марјанчо Дамески, управител на Нула Отпад.
Акцијата за предавање на електронскиот и електричниот отпад ќе започне од 16ти октомври и ќе трае до 16ти ноември, а сите заинтересирани граѓани што сакаат да го остават својот електронски и електричен отпад и да добијат вредносни ваучери за купување нов, ќе можат тоа да го направат усно на телефонскиот број 072-272-150 или да ја пополнат апликацијата за преземање на отпадот која можат да ја најдат во секој продажен објект на Техномаркет или да ја симнат од www.technomarket.com.mk и ја достават назад или да ја испратат на [email protected].Техномаркет и Нула Отпад по втор пат оваа година ја организираат големата еко кампања „Старо донеси, ново однеси“. Оваа едномесечна еко

Пронајдете не на следниве мрежи: