На четвртиот „Анимакс Скопје Фест“ ќе биде прикажан 51 филм

На четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест 2014“ ќе биде прикажан 51 филм, од кои осум се наменети за детската публика. Фестивалот ќе се одржува од 4-ти до 6-ти декември во Кинотека на Македонија под мотото „Ако сите светат, ти блескај“.Во трите фестивалски денови на „Анимакс Скопје Фест“ ќе бидат прикажани 43 филмови за возрасни и осум филмови за деца. Тие се избрани од пријавените рекордни 326 анимации од 52 земји во светот, меѓу кои најголем број од: Франција, Шпанија, Германија, Полска, Италија, Бразил, како и филмови од Ирак, Иран, Индија, Јужна Кореја, Тајван, Куба, Перу и др.
Голем дел од нив се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија. Традиционално на последниот ден од фестивалот, 6-ти декември, ќе бидат доделени наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула, а за нив ќе одлучува интернационална жири комисија.
Исто така ќе биде доделена и Златна тула за најдобар детски анимиран филм, а за победникот ќе гласаат децата во трите фестивалски денови. За време на фестивалот ќе бидат одржани и работилници во просториите на Кинотека на Македонија. Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20 часот.
Детската програма во четврток и петок ќе ја следат дечиња организирани од основните училишта, а во сабота детската програма ќе почнува во 12 часот и ќе биде отворена за сите заинтересирани.
Билетите за фестивалот чинат 50 денари и ќе може да се набават на влезот на Кинотека на Македонија.
Целосната програма е објавена на веб страната на фестивалот animaxskopjefest.mk.
„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, а во соработка со Кинотека на Македонија.
„Анимакс Скопје Фест“ е прв фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови, за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.Во трите фестивалски денови на „Анимакс Скопје Фест“ ќе бидат прикажани 43 филмови за возрасни и осум филмови за деца. Тие се избрани о

Пронајдете не на следниве мрежи: