Оваа реченица на римскиот император Гај Јулиј Цезар покрена лавина случувања кои подоцна ќе се најдат во книгите по историја.Изреката: „Коцката е фрлена“ – и денес означува донесување на ризична одлука по која нема враќање назад.
Имено, Рубикон била река во Италија низ која ниту еден римски војсководач не се осмелил да ја поведе војската. Таквиот пропис бил наменет за заштита на Рим од воените диктатори кои би можеле да ја наметнат својата власт и да го заземат Рим.
На денешен ден (10 јануари, 49 година п.н.е.), Цезар донел одлука да ја премине реката Рубикон со својата 13. легија и да се упати кон Рим. Со тој чин, Цезар и неговите легионери автоматски биле осудени на смрт според римскиот закон.
Наводно, тогаш Цезар ја кажал познатата реченица: „Коцката е фрлена“ (лат. Alea iacta est) – токму поради тоа што повеќе немало враќање назад.
Интересно е што Цезар не бил првиот којшто ја изговорил таа реченица, туку ја преземал од Менандер, неговиот омилен писател од Грција.
Меѓутоа, Цезар успеал да победи во граѓанската војна, а како што Сенатот избегал од Рим, смртната казна за него и легионерите никогаш не била извршена.Изреката: „Коцката е фрлена“ – и денес означува донесување на ризична одлука по која нема враќање назад.
Имено, Рубикон б



