На Европа и требаат ИТ професионалци

И покрај високата стапка на невработеност и тековната економска нестабилност на глобално ниво, во Европа постои силна побараувачка за ИТ професионалци.Според IEEE, најголемата Светска професионална асоцијација за унапредување на технолошките иновации во контекст на општествените потреби, ограничените бројки на дипломирани ИТ професионалци како и стареењето на работната сила претставуваат основа за значителниот недостаток и зголемената потреба од  технички професионалци од областа на информатчките науки и технологии.
Ограничениот број на отворени работни места оваа година, не влијае на зголеменииот недостаток и потреба за квалификувани ИТ лица, кои никогаш досега не биле толку изразени, потенцираат  професионалците од областа на човечки ресурси во Европа.
Војната за ИТ таленти претставува релевантен проблем на глобално ниво.
Според листата на „Форбс“, Светски најпознатиот бизнис магазин, четири од топ десетте професии за 2013 година се од областа за информатичките науки и технологии вклучувајќи: софтверски програмери, аналитичари на информациски системи, администратори на мрежи и администратори на информациски системи, аналитичари за безбедност на информациски системи, веб инженери и дизајнери на информациски системи. Порастот побарувачката за овие професии во однос на претходните две години, според Форбс, е зголемен за 5 до 7 проценти.
Се поставува прашањето колку идните студенти ја препознаваат реалната потреба од специјалисти од областа на техничките науки, кои претставуваат дефицитарен кадар не само во Европа, туку и во нашата земја.
„Идните студенти препознаваат дека техничките науки може многу полесно да ги доведат до посакуваниот професионален ангажман, но, сепак, сеуште постои одредена доза на несигурност во мислењето дека техничките науки се тешки и многу по мачно е да се студира на истите.
Институциите на глобално ниво веќе ги дефинираат приоритетите во едукативните политики да се зголеми бројот и квалитетот на изучување на математичките, природните и технички науки. Причината за ова е дека на подолг рок влијанието во економијата на овие науки е многу поголемо преку зголемувањето на иновативните активности и претприемачкиот дух. Веројатноста за креирање на нови бизниси во техничките области е многу поголема, а со тоа се зголемува и бројот на нови вработувања како клучен фактор за регионалната, националната и глобална економија.
Радува сознанието што во Република Македонија, во последните години, институциите го препознаваат овој факт и имаат бројни активности за зголемување на бројот на стручни кадри во техничките науки, преку различни начини на мотивирање не само на студентите, туку и на професионалците од овие техничките област, со посебен фокус на информатичките науки и технологии.“  вели проф. д-р Нинослав Марина, Ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, кој своето искуство го пренесува од престижни институции како: Швајцарскиот федерален институт за технологии во Лозана, во „Нокиа“, Универзитетот во Хаваи,  Универзитетот „Принстон“ и многу други.Според IEEE, најголемата Светска професионална асоцијација за унапредување на технолошките иновации во контекст на општествените потреби, ограничен

Пронајдете не на следниве мрежи: