Тринаесет годишно девојче оставила трогателна порака на Фејсбук неколку часа пред да биде пронајдена мртва.Аманда Морононеј напишала на Фејсбук:
„Го мразам тоа чувство, никогаш да не сум доволно добра“.
Синоќа нејзината сестра Луис и оддаде почит на Аманда со трогателна порака, пишува Daily Records.
– Сестричке, беше добра за многумина, барем да можеш да видиш колку луѓе дојдоа, кои те сакаат и на кои им недостасуваш. Сега е предоцна – напиша нејзината сестра.
– Само седам и размислувам, дека оваа девојка знаела колку сите ја сакавме. Срамота е што сфативме предоцна – напишала Џенифер Милар, другарка на девојчето.
На 18 фебруари Аманда на својот Фејсбук напишала: – Добродојдовте назад самоубиствени мисли, долго не сме се виделе.
Директорот на училиштето Paul McLaughin ја опишал Аманда како мирна и пријатна девојка, а додал и дека била популарна во училиште и секогаш опкружена со пријатели.
Потпаролот на полицијата изјави дека во неделата, на 8-ми март било пронајдено телото на 13-годишното девојче, а дека од обдукцијата се чека да се утврдат причините за смртта. Аманда Морононеј напишала на Фејсбук:
„Го мразам тоа чувство, никогаш да не сум доволно добра“.
Синоќа нејзината сестра