На Грција и смета уште едно име покрај Македонија

Грција е подготвена да ги искористи сите законски можности, дури и да стави вето, со цел да го спречи увоз во ЕУ на бело сирење од брендот „фета“ од Канада, изјави во Солун главниот секретар на грчкото Министерство за земјоделски развој и храна, Димитрис Мелас.Како што објави весникот „Нафтемборики“, најавата на Мелас доаѓа во пресрет на преговорите за слободна трговска размена меѓу ЕУ и Канада.
Мелас нагласи дека Грција во писмена форма го известила канадскиот претставник за своите намери, како и дека планира прашањето со „канадската фета“ да го постави на планираната  средба на ЕУ во ноември.
Европската комисја, а потоа и Европскиот суд, решија дека сирењето „фета“ е грчки бренд и дека тоа може да се нарекува така само доколку е произведено во одредени региони во Грција.
mkd-news.comКако што објави весникот „Нафтемборики“, најавата на Мелас доаѓа во пресрет на преговорите за слободна трговска размена меѓу ЕУ и

Пронајдете не на следниве мрежи: