На излет во Равна Река и во посета на рибниците во Пехчево

Доколку сакате барем на кратко да избегате од градското секојдневие, постои една дестинација во нашата земја, која сè уште не е доволно истражена, и не е доволно искористена од комерцијалните добра. Распослано на двата брега на Пехчевска Река, на падините на планината Влаина на надморска височина од 1.000 метри, се наоѓа Пехчево, живописно место опколено со големи и пространи борови шуми, ладни потоци и чист планински воздух. Пехчево, покрај обемните содржини кои што може да им ги понуди на туристите, секако го крие и едниот од најдобрите излетнички локалитети што воопшто сте го виделе и искусиле.На само околу 10 километри од Пехчево, во преубавата и раскошна природа на Малешевските планини, Буковик и Кадиица сместена е Равна Река. Целиот овој комплекс е покриен со висока букова и борова шума, каде се и изворите на реката Брегалница, втората според должина најголема река во Македонија, на која има 4 водопади и неколку каскади, од кои највисокиот е 14 метри. Интересен податок е дека од Равна Река до границата со Република Бугарија има уште десетина километри во кои царува недопрена природа. Населено место во близина нема ни од двете страни на границата.

Равна Река е идеалното место каде може да се одморите, и да почувствувате вистински мир и природа, природа насекаде. Без разлика дали станува збор за одмор со семејството или со друштво, во Равна Река се предвидени различни содржини кои ќе ви овозможат вистински организиран дневен излет: дрвени летниковци, детски парк, клупи и маси, лулашки. Дополнително, на располагање на љубителите на водниот свет се и рибниците, каде може во секоја сезона од годината да се консумира свежа речна риба.

Сите овие активности, организирани со водич, како и со препорака, може да ги добиете при вашиот престој во Хотел Гогов, првиот и единствен хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, отворен токму оваа летна сезона.
 На само околу 10 километри од Пехчево, во преубавата и раскошна природа на Малешевските планини, Буковик и Кадиица сместена е Равна Река.

Пронајдете не на следниве мрежи: