На кој начин да го намалите апетитот

Нашата тежина се зголемува со внесување на голема количина на храна во организмот, но пред се зависи од тоа кој тип на намирници ги употребуваме во секојдневната исхрана. Постојат некои видови на храна кои поспоро се варат и со тоа ќе ви помогнат да останете сити подолго време.
Лосос
Оваа риба ќе го намали чуството на глад со што ќе го успори процесот на варењето на храната во вашето тело,. Лососот е богат со омега-3 масни киселини, кои ќе го подобрат вашиот метаболизам. Вклучувањето на лосос во исхраната ќе ви помогне полесно да ги намалите вишокот килограми.
Бадеми
Бадемите се храна богата со протеини и растителни влакна. Заедно, овие хранливи материи го намалуваат апетитот и го спречуваат прејадувањето.  Јадете околу 23 бадеми на ден, за да може да ја почуствувате промената.
Јајца
Едно јајце наутрото  ќе ви помогне со намалување на апетитот и прејадувањето во текот на денот. Јајцата содржат амино киселини, одговорни за изградба на мускулите. Јајцето содржи околу 213 милиграми холестерол, што не  е проблематично, освен ако не се борите со висок холестерол.
Овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се богати со растителни влакна и ниски во калории. Ова значи дека ќе ви помогнат да се чувствувате сити за подолго време, помагајќи ви да се консумираат помалку калории. 
Житарици
Житариците се добра опција за потиснување на апетитот, бидејќи на телото му е потребно подолго време за да ги свари овие производи. Намалете ја консумацијата на рафинираните зрна, како бел леб, бели тестенини и храна богата со шеќер за да се спречи желбата за глад.
 Нашата тежина се зголемува со внесување на голема количина на храна во организмот, но пред се зависи од тоа кој тип на

Пронајдете не на следниве мрежи: