Комисијата за лустрација ги објави документите на неколку македонски академици, кои јасно покажуваат кого кодошеле тие и на кој начин кодошеле.
Документите на академикот Томе Серафимовски кои може да ги погледнете на лседниот линк, покажуваат дека тој бил таен соработник. Тој своите противници ги кодошел со следење на нивните активности и пренесување свои мислења и ставови онаму каде што било потребно.
Академикот Божин Павловски чии документи покажаа дека исто така бил кодош, ги кодошел своите противници преку искажување на свое мислење во својата литература.
Тој изнесувал дека романите на одреден писател не биле вредни, за друг писател дека земал најмногу хонорари и дека бил најголем борец за хонорар и дека во Македонија немало писатели како и тоа дека ниеден од нив не работел.
Во неговите документи се гледа дека Павловски изнесувал детали од разговорите со своите колеги писатели.
Покрај тоа што Павловски ги оценувал литературните дела на дел од своите колеги како „лук и вода“, тој пред службата изнесувал и дека старите писатели ја користеле својата положба и на тој начин печателе книги и дека ги држеле сите позиции. Нивната поезија и проза била безвредна и носела штета за литературата.
Академикот Владимир Милчин е исто така лустриран, а неговите документи можете да ги погледнете на следниот линк. Според објавените документи на страницата на Комисијата за верификација, Милчин ги кодошел своите колеги по секоја цена на тајните служби.
Милчин и понатаму дели пари на фондацијата СОРОС се со цел да го симне од власт моменталниот состав на владата. Тој во едно интервју за медиумите посочуваше дека владата е таа која сака политички да го линчува, но фактите говорат сосема спротивно.
Милчин, е оној кој претходно на веб страници кои ги плаќа СОРОС објавуваше делови од своето досие од кои може да се забележи дека бил лице кое службите го следеле, но случајно или не тој ги изоставил оние делови од документите кои ги објави Комисијата за лустрација и кои покажуваат дека тој имал свесна соработка со службите за безбедност.
Покрај академиците лустрирани се и други јавни личности меѓу кои и македонски политичари. Љубомир Фрчкоски е еден од политичарите кои е лустриран, а за кој се претпоставува дека најверојатно има некаква улога во тајните служби.
Постојат документи поради кои Фрчковски заглави во процесот на лустрација, а како и зошто се случи сето тоа погледнете на следниот линк. Комисијата за лустрација ги објави документите на неколку македонски академици, кои јасно покажуваат кого кодошеле тие