На Крим не се случи ништо поинакво од тоа што се случи на Косово

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германската телевизија АРД изјавил дека на Крим не се случи ништо поинакво од тоа што се случи на Косово.Тој го оценил косовскиот случај како преседан и пример за тоа како „меѓународните инстанци го дефинираат меѓународното право“ преку „својата пракса“.
Новинарот на АРД директно го праша рускиот претседател дали со ова мисли на пресудата на Меѓународниот суд на правдата според која Косово има право на самоопределување и дека граѓаните на Косово можат да гласаат за тоа „сакаат ли сопствена држава или не“, на што Путин одговори дека токму за тоа и зборува, но и не само за тоа.
– Токму така. Но и не само тоа.Тука стана збор за она најважното, дека кога станува збор за самоопределувањето, народот кој живее на одредена територија, нема обврска за тоа да ја праша државата на чија територија во моментот се наоѓа. Дозволата на централната влада за спроведување на мерките за самоопределување не е потребна. Тоа е најважно. На Крим не се случи ништо поинакво од тоа што се случи на Косов. Таму независноста беше прогласена со одлука на Парламентот. На Крим одлука не донесе само Парламентот, туку е оддржан и референдум. И неговиот резултат беше убедлив. Што е демократија? Сите тоа го знаеме. Што е демос? Народ. Демократија е право на народот. Во овој случај правото на самоопределување, изјавил Путин за АРД.Тој го оценил косовскиот случај како преседан и пример за тоа како „меѓународните инстанци го дефинираат меѓународното право“ преку &bd

Пронајдете не на следниве мрежи: