На Куба се одржуваат парламентарни избори

На Куба во неделата се одржуваат парламентарни избори а во 15 кубански покраини се отворени 30 илјади избирачки места на кои 8,4 милиони жители ќе го избираат новиот состав на парламентот, соопшти претседателката на државната изборна комисија Алина Балсеиро.
Во Националното собрание на народната власт ќе бидат избрани 612 пратеници, пренесува кубанската новинска агенција Prensa Latina. Се проценува дека по овие избори кои ги отфрла домашната опозиција и кои треба да минат без изненадувања, кон крајот на февруари парламентот ќе го потврди новиот петгодишен мандат на претседателот Раул Кастро, братот на лидерот на кубанската комунистичка револуција Фидел Кастро. Раул Кастро претседателската функција ја презема на 24-ти февруари 1998 година, која, откако се повлече од политичкиот живот Фидел Кастро поради болест, привремено ја презема претседателската должност. Двајцата браќа се исто така меѓу 612 кандидати кои официјално се кандидирани за пратеничките места во парламентот. Осумдесет и шестгодишниот Фидел Кастро е носител на листата во општината Сантјаго де Куба, во истоимената источна покраина, додека 81-годишниот Раул Кастро е носител на листата во општината Сегундо Френте, во покраината Сантјаго. Покрај 612-те кандидати за пратеници, ќе бидат избирани  пратеници за покраинските совети од 1.269 кандидати. Сите кандидати претходно се избрани од општинските делегати и собранијата на граѓаните. Дисидентите и земјите како САД ги отфрлаат изборите на Куба како фарса. На островот не е дозволена кампања или други политички организации покрај Комунистичката партија на Куба (PCC), пишува независниот кубански политички блог Havana Times. Од првите избори одржани на Куба во 1976 година, одзивот на населението изнесувал околу 9 отсто. Многу Кубанци во приватни разговори го критикуваат премалото влијание на правосудството на државниот апарат што го контролираат Државниот совет и највисоките државни функционери со кои е опкружен претседател Раул Кастро. Меѓутоа, изборите, од друга страна треба да го продолжат подмладувањето на политичкиот кадар кој го предводи Раул Кастро. Претседателот имено често ја истакнуваше потребата од „обучување“ на нови челници, бидејќи како што самиот изјави „нема уште многу време“. Меѓу највлијателните политичари од ткн стара гарда кои се повлекуваат во пензија е претседателот на парламентот, 75-годишниот Рикардо Аларкон, кој оваа должност ја извршува од 1993 година, а .претходната година беше министер за надворешни работи во владата на Фидел Кастро. Аларкон, член на кастровото историско Движење 26-ти јули, е еден од најценетите кубански експерти за односите со САД. Меѓу новите кандидати е и 50-годишната ќерка на Раул Кастро, Мариела Кастро, која се кандидира за пратеничка во престолнина Хавана. Позната е по либералните ставови кога станува збор за поддршката на правата на хомосексуалците во оваа островска земја.
 
МакфаксНа Куба во неделата се одржуваат парламентарни избори а во 15

Пронајдете не на следниве мрежи: