На местото на успешни кадри кои донесоа голем број странски инвестиции доаѓаат луѓе со темно и криминално минато

Докажани кадри од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат заменети со лица со темно и криминално минато во новата влада на СДСМ. Луѓе како Веле Самак, Џери Наумоф и Бил Павлевски, кои преку носењето странски инвестиции отворија многу работни места за граѓаните, на функциите министри без ресор ќе бидат заменети со лица кои немаат никакви успеси во минатото.Веле Самак ќе изврши примопредавање на својата функцијата на Рамиз Мерко. Веле Самак беше во тимот на владата кој во светската економска криза во Македонија донесоа голем број странски инвестиции, во кои голем број граѓани се вработија. Како еден од најголеми успеси важи носењето на германската компанија „Маркарт“ во индустриската зона Караслари во Велес. Тој има дипломирано на студиите за економија на Универзитетот во Чикаго, додека магистрирал во областа на бизнис администрацијата на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија.
Рамиз Мерко ќе биде неговата замена, поранешниот градоначалник на Струга, кој во моментов  е осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко воедно е под истрага за злоупотреба на постапката при јавен повик. Мерко на градоначалничката функција го замени Зијадин Села, сегашниот коалиционен партнер во новата влада, кој го обвинуваше дека го кога водел градот ја злоупотребил службената положба и во два наврати овозможил незаконска легализација на делови од Меѓународниот универзитет, со што го оштетил буџетот на општината за над 70.000 евра.
Бил Павлевски ќе изврши примопредавање на својата функција на Самка Ибраимовски. Павлевски исто така беше дел од тимот на владата кој беше задолжен со носење странски инвестиции, еден од неговите најголеми успеси беше носењето на компанијата од автомобилската индустрија „Акомпласт“ во Прилеп. Средно образование завршил во САД, дипломирал Електро факултет на State University New York-Binghamton и добил две посебни Магистратури со високи почести. Тој е Магистер за Компјутерски науки на Northeastern University-Boston, и исто така Магистер за Бизнис Менаџмент на Harvard University-Boston.
Неговата замена, Самка Ибраимоски е политичар без никакви успеси во својата политичка кариера. Позади него има еден голем скандал, во 2011 година тој за да купи гласови за СДСМ од Ромите, им даваше расипано месо. Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која е сместен изборен штаб на СДСМ. Тој негов потег тогаш предизвика гнев кај граѓаните Роми, кои тогаш својот гнев го изразија пред штабот на СДСМ.
Џери Наумов, кој во англиска транскрипција се чита Наумоф, беше дел уште еден дел од успешниот тим за привлекување странски инвестиции. Тој дипломирал маркетинг и и бизнис администрација, а по 3 децении искуство во секторот човечки ресурси, бенефиции и менаџирање ризик, во 1993 година ја основал својата консултантска компанија за менаџирање ризик „Наумоф груп доо“. Еден од неговите успеси е привлекувањето на канадската компанија „Космик Девелопмент“ во Битола.
Неговата замена, Зоран Шапуриќ порано бил пратеник, министер во Министерството за животна средина и просторно планирање и дел од Советот на Град Скопје. Во 2005 година додека тој беше министер во владата на СДСМ, неговата сестра, Зорица Шапуриќ Хорват, стана судијка во Апелациониот суд во Скопје.Веле Самак ќе изврши примопредавање на својата функцијата на Рамиз Мерко. Веле Самак беше во тимот на владата кој во светската економска криза во М

Пронајдете не на следниве мрежи: