На Папандреу не му смета името Македонија

Папандреу не направил никаква реакција што Македонија е напишана под уставното име на карта на светот во текот на едно интервју за канадска телевизија. Имено, во разговорот воопшто не станува збор за проблемот со името, но новинарот, на почетокот од интервјуто им објаснува на гледачите, со помош на карта, каде точно се наоѓа Грција.На неа, нашата земја е заведена под уставното име. Папандреу воопшто не реагира, а разговорот си тече без никаков проблем.

„Да ја погледнеме мапата на Грција за да им покажеме на сите за кој дел од светот говориме. А потоа ќе видиме и некои статистички податоци од времето кога бевте премиер. Атина, е главниот град на Грција. Вие бевте премиер од 6ти октомври 2009та“- со овие зборови се обрати новинарот на публиката и премиерот.
Во грчките медиуми, акцентот беше ставен на ставовите на Папандреу искажани преку канадската телевизија, додека пак новинарите од Параполитика се единствените кои од поинаков аспект го нападна Папандреу – не поради позициите за економската ситуација, туку поради тоа што не изреагирал на терминот Macedonia кој јасно се гледа на север од Грција,ниту пак се вознемирил. Не виде или пак не го интересира? – прашуваат од Параполитик.Папандреу не направил никаква реакција што Македонија е напишана под уставното име на карта на светот во текот на едно

Пронајдете не на следниве мрежи: