Синоќа, во новоотворениот Дом на култура “Кисела Вода Кино”се одигра првата театарска претстава “Чолак”во продукција на Драмскиот театар од Скопје. Преку час и половина квалитетна актерска игра која донесе многу смеа од публиката и официјално културниот дом беш ставен во функција. Пред почетокот на претставата, на присутните гости, им се обрати в.д. Директорот Тодор Дајевски кој го изрази задоволството што врз темелите на некогашното старо кино започнува нова приказна.- Секој домаќин на своите гости сака да им го понуди најдоброто, па јас, како в.д. директор на оваа институција, сум многу задоволен што на сите посетители ќе можам да им понудам широк спектар од содржини во кои секој ќе може да се пронајде. Се надевам дека на оваа сцена освен вечерашната ќе се одиграат уште многу други театарски претстави, дека во оваа сала која нуди одлични технички можности, ќе се емитуваат и многу филмски проекции, дека уметниците ќе ги искористат сите можности што ги нуди Домот на култура- истакна Дајевски заблагодарувајќи се на општината и градоначалникот на општина Кисела Вода, како и на Министерот за култура и ресорното Министерство.
Својата благодарност до Министерството за култура кој беше финансиски партнер во изградбата на ова здание, но и до целиот тим кој активно беше вклучен во реализацијата на овој голем проект, ја изрази и градоначалникот на општина Кисела Вода, потенцирајќи дека овој Дом на културата сега им припаѓа на уметниците и на жителите на општината.
– Овие 900 квадратни метри кои се потрудивме токму вака да изгледаат, вечерва ви ги предаваме Вам! На уметниците, на актерите, режисерите, им го предаваме на љубителите на уметноста, на посетителите, на жителите на општина Кисела Вода и на град Скопје кои од ова репрезентативно место ќе следат театарски претстави, филмски остварувања, концерти, изложби, ќе доаѓаат да се дружат и забавуваат. Се надевам дека ова здание ќе биде културно збиралиште на многу генерации-сегашни и идни-потенцираше градоначалникот на општина Кисела Вода.
Активностите околу одбележувањето на 61-годишниот јубилеј финализираат утревечер, со свеченото отворање на културното лето “Три круши”, кое на истоимената локација во селото Драчево ќе се одвива се до крајот на месец јули и ќе понуди квалитетна програма. Утре во 20:30 минути, целовечерен концерт ќе одржи етно групата Љубојна.- Секој домаќин на своите гости сака да им го понуди најдоброто, па јас, како в.д. директор на оваа институција, сум многу задоволен што на сите по