Една од најдобрите светски тенисерки Марија Шарапова, наскоро би можела да остане без руско државјанство и да стане Американка.Според новиот закон, кој руската Дума го усвои на предлог на Владимир Путин, сите Руси со двојно државјанство, а кои живеат во странство, мора да дојдат во Русија и да ги пријават своите пасоши до 5 октомври оваа година. Доколку не го сторат тоа, може да бидат кривично гонети и воедно да останат без руско државјанство.
За Шарапова и останатите врвни руски спортисти има олеснителна околност- може да се пријават и по истекот на рокот, односно веднаш при првото доаѓање во Русија.
Руската администрација го воведе овој закон, за да ги натера сите граѓани на Русија кои живеат во странство и имаат двојно државјанство, да плаќаат данок во нивната држава. Се шпекулира дека во странство живеат околу 10 милиони Руси кои имаат двојно државјанство.
Исто така се шпекулира дека руската тенисерка како и други бројни познати спортисти, нема да одговорат на повикот на руските власти, и нема да дојдат во Москва да ги прикажат своите финансиски состојби поради пресметување даноци.
Во тој случај, Шарапова би можела да остане без руско државјанство и да го прифати американското, па во родната Русија да влезе само доколку добие виза.Според новиот закон, кој руската Дума го усвои на предлог на Владимир Путин, сите Руси со двојно државјанство, а кои живеат во странство, мора да д