четврток, 12 ноември 2026
Најново

На СДС им пречи проектот 2014 зошто се овековечи македонската историја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска Собранието на Република Македонија ја продолжи расправата за Ребаланс на Буџетот за 2016 година.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница посочија дека новата влада спроведува погрешна политика  поради која  дојде до запирање на реализацијата на многу проекти меѓу кои се и автопати, патишта и инфраструктурата.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска се надовржа на говорот на пратеничката Авиоривиќ дека невработеноста во Македонија и за време на Економска криза, од Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеја да се намали од 36 % на 23% односно донесе 27 000 нови вработувања.
Стојановска наброја низа на проекти кои за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беа остварени:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ отвори фабрики, изгради патишта, нови училишта и реновира постоечки, изгради 21 нова градинка и реновира постоечки, изгради нови спортски игралишта..
Благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ го имаме денешниот лик на аеродромот “Александар Велики”
Благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ го имаме денешниот лик на  арената “Филип Втори” каде што во август ќе се одигра натпреварот на Суперкупот во фудбалот.
Благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ денес Скопје е светска метропола
Благодарение на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на проектот 2014 Скопје е светска метропола

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Стојановска за проектот “2014” посебно истакна:

Незнам дали повеќе на колегите од Социјалдемократски сојуз им пречи проектот “2014” заради тоа што Скопје е светска метропола или заради тоа што со овој проект  успеја да се овековечи Македонската историја  и култура. Јас мислам дека овој проект требаше и многу порано да се реализира зошто така барем денес ќе имавме еден министер за култура кој што ќе знаеше дека Војдан Чернодрински не е роден во Прилеп.

За ребаланс на буџетот таа додаде:

Ако владата на ВМРО-ДПМНЕ го зголемуваше буџетот за учениците, студентите и за социјално ранливите каатегории, за жал оваа влада истиот буџет токму во овие категории планира да го намали. Од друга страна пак го зголеми бројот на министерства, министри и заменици министри и како што гледаме планира да го зголеми бројот и на потпретседатели на ова собрание
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница посочија дека новата влада спроведува погрешна политика  поради која  дојде до запирање на

Поврзани вести