На Скопје ќе му се случи „Skopje Dance Festival“

SKOPJE DANCE FESTIVAL е мултимедијален електронски музички настан со главна цел промовирање на најдобрите светски музички артисти пред македонската јавност, како и обединување на сите реномирани македонски електронски музички изведувачи на едно место, во нашиот главен град.Скопје отсекогаш важел за град каде што електронската сцена, едуцираноста и културата на младите, како и ноќниот живот биле на високо респектирано ниво.
Како пример би го навеле познатото списание DJ Magazine во кое електронската сцена во нашата држава беше поставена на исто рамниште со сцените од сите познати европски држави, додека градот Скопје важеше за центар на електронските музички случувања во регионот и пошироко. Сведоци на ова се големиот број на светски познати артисти кои во неколку наврати гостувале во нашиот град, а feedback-от кој го добиле од македонската публика во свои лични интервјуа го имаат претставено како едно од нивните најдобри доживувања.
Од нашиот град потекнуваат многу познати музички артисти кои бележат успеси како на домашната така и на светската музичка сцена и кои се редовни учесници на најголемите музички светски настани. Идејата на SKOPJE DANCE FESTIVAL 2014 е продолжување и развој на електронската музичка сцена, едуцирање на младите, издигнување на градот Скопје и негово повторно поставување на мапата на светската електронска сцена.
Оваа година фестивалот ќе се одржи на 6-ти септември на Стадионот АРМ во Градскиот Парк и на него ќе настапат следниве артисти:
Специјален гостин:♫ TRISTAN (Live) NANO RECORDS London, UKhttps://www.facebook.com/djtristanfanpagehttps://www.nanomusic.net/ 
♫ KOX (G.E.N.)
♫ ROBOTEK (PMG Recordings)
♫ FLOODER (Pollux)
♫ GORAN KAN (Kerkez Music)
♫ MIRKO POPOV (PMG Recordings)
♫ TOMI BOJADZI (Puresoul)
♫ DJANTRIX (G.E.N.)
♫ DJ CHVARE
♫ EMI & ANA MALO
♫ URBANA REGENERACIJA
 
• RCF Line Array Sound System
• Професионално осветлување
• Промоција на најнова ласер технологија
• LCD Screen Бина
• Видео бимови и проекции
• Жонглери
• Огнен перформанс
• Art Bazaar
• Аудио/Видео работилници
• Изложба
Цената на влезниците во претпродажба ќе изнесува 250 денари и истите ќе можете да ги набавите веќе од 25.08 (понеделник) низ цела Македонија на сите продажни места во мрежата на Купи Карти За Се https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations
како и на следниве локации: – кафе бар Кино Карпош – Скопје – Куманово (077942845) – Тетово (072241020).
На влез, цената на картата ќе изнесува 350 денари.Скопје отсекогаш важел за град каде што електронската сцена, едуцираноста и културата на младите, како и ноќниот живот биле на високо респектирано

Пронајдете не на следниве мрежи: