НА ШТО ЛИЧИ ОВАА КАЗНА: Наместо во затвор, убиецот на Тијана ќе оди во „хотел“!

Месарот Драѓан Ѓуриќ (34), кој брутално ја уби 15 годишната Тијана Јуриќ и кој поради ваквото злосторство е осуден на 40 години затвор, најверојатно ќе ја отслужи казната во новоизградениот оддел „Нова Скела“ кој е најдобро опремен.Тоа значи дека својата казна ќе ја помине во климатизирана ќелија, со телевизор, а на располагање ќе има и библиотека, спортска сала, фитнес сала, љубовна соба, но и неколку оброци по свој избор.
-Според предиспозициите кои ги има овој најобезбеден затвор во Србија, овој монструозен убиец ќе ја одлежи казната во „хотел“, пишува Ало.
Во Нова Скела се наоѓаат затвореници кои се осудени на доживотна казна, но и оние кои покажуваат деструктивно и неприфатливо однесување во други затворски установи.
-Тој ќе биде изолиран од другите затвореници. Нема да биде сместен во самица, бидејќи самицата е казна за непослушност. Бројните примери ни укажаа на тоа дека силувачите и убијците на деца треба да ги изолираме од другите затвореници, бидејќи тие се често мета на психичко и сексуално злоставување во затворите. Според зборовите на другите затвореници, ваквите осуденици се дното на човековиот род и поради тоа преживуваат ужасна тортура. Токму поради тоа ги изолираме од другите затвореници, изјавил извор од затворот.
Изворот додал дека овој затвор има ќелии во кои се сместуваат по еден, максимум двајца затвореници, а токму во една од нив и тоа поради безбедносни причини, ќе биде сместен и монструмот Драган Ѓуриќ.Тоа значи дека својата казна ќе ја помине во климатизирана ќелија, со телевизор, а на располагање ќе има и библиотека, спортска сала, фитнес сала,

Пронајдете не на следниве мрежи: