На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ се одржа првиот академски час

На 15 септември, со почеток во 8 часот, во просторите на УИНТ „Св. Апотол Павле“се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Настанот го отвори Ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ проф. д-р Нинослав Марина, кој им посака успешен почеток на академската година на новите студенти. Како најмлада високо образовна институција во државата, УИНТ го  карактеризира тренд на континуиран раст и развој, раст на бројот на запишани студенти, зголемување на бројот на студиски програми, академски кадар од престижни светски Универзитети и одлично позиционирање на Шангајската ранг листа.

На Универзитетот  „Св. Апостол Павле“  се применуваат  и комбинираат иновативни истражувачки и едукативни практики актуелни на светско ниво и се развиваат исклучителни академски  и  индивидуални вредности, што го прави овој Универзитет одличен избор и  прв чекор при градење на успешна академска кариера за нашите нови студенти – изјави професорот Франческо Волпони од Италија, еден од говорниците на настанот.
Како идни студенти на УИНТ, очекуваме  да се соочиме со предизвици, нови искуства и знаења во полето на информатичките науки и технологии, во оваа за нас нова интернационална и мултикултурна академска средина– велат ново запишаните студенти.
На првиот час студентите добија детални информации за правилата на студирање, службите и  наставно научниот кадар на Универзитетот.Како најмлада високо образовна институција во државата, УИНТ го  карактеризира тренд на континуиран раст и развој, раст на бројот на

Пронајдете не на следниве мрежи: