На ваква свадба не сте биле досега, а кога ќе го погледнете видеото ќе ви стане јасно зошто!

Доколку „купувањето“ на невестата, фрлањето ориз, мавањето јаболко и останатите обичаи во традиционалните македонски свадби ви се претерани, што тогаш би претставувал еден од обичаите на Полинезија?На интернет кружи интересно видео од една тамошна свадба, кадешто во чест на невестата и младоженецот нивните машки пријатели го изведоа чуениот хака танц.
Танцот Хака е традиционален борбен танц на Маорите (полинезиското домородно население на Нов Зеланд), кој се изведува на бојното поле, но и на мировни настани каде се соочуваат повеќе групи.
Хака е жесток приказ на племенската гордост, силата и единството. Активностите вклучуваат силен тропот со нозете, издаденост на јазикот и ритмички шлаканици по телото, придружувани со гласно пеење. Зборовите отпеани во Хака танцот, често на поетски начин, даваат опис на настани или предци од историјата на ова племе.

На почетокот, воините го изведувале танцот пред битка, со цел да ја соопштат својата сила и моќ и да ги заплашат противниците, но истиот танц се изведува и за многу други различни намени, како на пример: да се посака добредојде на почитувани гости, да се признаат големи достигнувања, во чест на починатите, a позната е и негова појава во училиштата.
Снимката од овој „агресивен“ танц и емотивните реакции на младенците ги видоа скоро два милиона луѓе, а видеото е споделено повеќе од десетици илјади пати.
И тоа со вистинска причина!
 

Awesome HAKA at a wedding reception. #ProudPolynesiansClick on link for a better understaniding of the New Zealand Maori Haka: https://www.folksong.org.nz/tika_tonu/
Posted by I'm Proud to be Tongan on Wednesday, January 20, 2016

На интернет кружи интересно видео од една тамошна свадба, кадешто во чест на невестата и младоженецот нивните машки пријатели го изведоа чуениот ха

Пронајдете не на следниве мрежи: