Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа Вториот јавен состанок за 2015 година. Според Законот, Агенцијата е обврзана на секои три месеци, јавно да ги презентира сработените активности предвидени со Годишната програма за работа.- Нашата тенденција за транспарентност и отчетност во работењето постојано ја надградуваме. Во таа насока, е и презентирањето на обемниот сублимат од реализирани тримесечни активности на Агенцијата – истакна д-р Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.
Во насока на усогласување на домашната со европската легислатива, донесени се неколку правилници меѓу кои Правилникот за нови рекламни техники, Правилник за утврдување на локациите за прибирање сигнал од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Согласно Годишниот план за вршење на надзор, реализирани се низа редовни, контролни и вонредни програмски и административни надзори, како и еден стручен надзор. Во ова тримесечје се спроведе и процесот на надзор врз исполнувањето на обврската за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти, кај МРТ1 и ТВ станиците од општ формат на државно ниво.
Во вториот квартал од 2015 година, Советот на Агенцијата донесе одлуки за промена на сопственичката структура кај два радиодифузери.
За констатираните прекршувања, на радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и печатените медиуми, изречени им се мерки, при што им е даден рок за усогласување на нивното работење согласно закон. Донесени се 5 одлуки за доделување дозвола за телевизиско емитување, од кои две на државно и три на регионално ниво, додека три оператори на јавни електронски комуникациски мрежи ја известија Агенцијата, за престанок на вршење на дејноста – пренос и реемитување на радио и телевизиски програмски сервиси и истите се избришани од регистарот на оператори.
Во насока на развој на медиумската писменост, промовирана е Нацрт – програма за поттикнување на медиумската писменост во РМ, како и македонска верзија на спотот на ЕАВИ за Авантурата низ медиумската писменост. Исто така, претставена е и Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост, по што следеа јавни расправи за текстот на Нацрт – програмите, од каде повратно се добиени вредни предлози и сугестии.
Согласно Законот за постапување по претставки и предлози, Агенцијата има обврска да постапува по поднесените претставки и предлози. Најголем број од поднесените претставки и предлози до Агенцијата, се однесуваа на програмските сервиси кои се реемитуваат преку операторите на јавна електронска комуникациска мрежа.
Директорот на Агенцијата посочи дека Агенцијата е отворена за соработка и ги повика сите радиодифузери и останатите засегнати страни, да дадат свои мислења или предлози на теми, кои би се презентирале на следниот јавен состанок, а се од интерес на целата јавност.- Нашата тенденција за транспарентност и отчетност во работењето постојано ја надградуваме. Во таа насока, е и презентирањето на обемниот сублимат