Денеска во ЈКП Пролетер во Ресен , преку проектот за Заштита на Преспанското Езеро спроведуван од страна на УНДП и Општина Ресен а со донаторски средства од Швајцарската Агенција за Соработка пристигна ново возило за изнесување на цврст отпад како дел од компонентата на проектот за зголемување на капацитетот на јавното комунално претпријатие во Ресен.Возилото за транспорт на цврст отпад е со зафатнина од 6 метра кубни и пред се е наменето за опслужување на домаќинства во делови од населбите каде има тесни улици и е отеѓната пристапноста со останатите возила.Вредноста на возилото е 3 800 000 денари.
Изразувајќи благодарност кон донаторот , Швајцарската агенција за соработка, Градоначалникот на општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски истакна дека оваа активност преку набавката на возилото ќе обезбеди дополнителна поддршка за ЈКП Пролетер кој пак во делот со управување со отпад покрива над 90% од населението во Општината. Дотолку повеќе зголемувањето на капацитетите за управување со отпад се значајни што за време на летната туристичка сезона е зголемена потребата од изнесување и транспорт на отпад и ова возило ќе помогне кон амортизирање на состојбата во летниоот период.Од истиот проект претходно Општина Ресен за ЈКП Проелтер набави и урбан ровокопач и друга дополнителна техничка опрема во вид на инструменти и апарати кои ја зголемуваат оперативна моќ на ресенското комунално претпријатие.Прокетот за заштита на Преспанското езеро кој покрај компонентата за подршка во управувањето со отпад има компоненти и во делот на управување со водите, земјоделието, компостирање, едукација и грантирање за фармери, а се спроведува од 2012 година со средства во виснина од 6,5 милиони франци.
Возилото за транспорт на цврст отпад е со зафатнина од 6 метра кубни и пред се е наменето за опслужување на домаќинства во делови од населбите каде
Пронајдете не на следниве мрежи: