Нацев: Претстaвата на оваа власт ќе останат запишани со црни букви во историјата, од ова што го прават ќе се срамат нивните поколенија

Денеска пред граѓаните на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда се обрати Александар Нацев. Тој кажа дека се собрале за да им дадат поддршка на оние кои неправедно се уапсени од хунтата на власт.-Сакам да од тука да им порачаме на оние кои виткаа кичми и на кои кажуваа дека не им приличи патриотизмот, дека ова што го прават денес не се разликува воопшто од она што го правеа оние кои го предадоа Делчев, предадоа Турунџев и кои го предодоа Пере Тошев. На вистинските патриоти Македонци никогаш не им било лесно, секогаш страдале заради преголема љубов кон својата татковина, изјави Нацев.
Тој кажа дека најавата за помирување со соседните држави, значи најава за помирување со оние кои на Невена Ѓоргиева Дуња и ја исекоа главата и ја носеа низ велешката села, помирување со оние кои Мирче Ацев и Страшо Пинџур ги фрлиле низ прозор и многу други кои се со негативни букви запишани во македонската историја.
-Само тоа ќе им остане во историјата како нивна одлика, предавствата ќе останат со црни букви запишани во историјата. Ќе се срамат од тоа и тие и нивните чеда и нивните поколенија, кога еден ден ќе сфатат што правеле и зошто го направиле тоа. Одат таму да коленичат, да молат и да просат, а кога ќе дојдат дома се храбри, силни и крволочни, ги затвораат нашите браќа и сестри во затвори, затвораат тешко болни луѓе, апсат во 5 часот наутро луѓе кои никогаш не се огрешиле пред законот како најголеми криминалци, ги нарекуваат криминалци, изјави Нацев.
Тој кажа дека стигматизираат цели семејства, им уништуваат на луѓе тешко стекната репутација, од која добивала и Македонија. Тој напомена дека и за ова ќе им суди историјата.
-Го прават тоа затоа што они најдобро владеат кога нема опозиција, кога нема кој да ги критикува. Затоа одат се молат да постигнат нешто, да ги подбутне некој од надвор за да прикажат дека сработиле нешто, за да ги одржи на власт. Затоа што вака не можат да се одржат на власт, затоа што единствен начин да се одржат на власт е да ги затворат сите неистомисленици, да се изживуваат со нив, изјави Нацев.
Тој кажа дека сепак нема да успеат да го скршат духот на Македонецот и на ВМРО-ДПМНЕ.
-Бараме итно да се ослободат оние кои се неправедно обвинети и овој политички прогон и реваншизам да заврши. На оваа политичка инквизиција мора да и дојде крајот, народот тоа го гледа и затоа секој ден сме побројни, и затоа ќе бидеме уште побројни, изјави Нацев.
Тој кажа дека секој ден ќе бидат тука за да дадат поддршка на неправедно обвинетите и против владеењето на СДСМ и Зоран Заев, кој како што кажа се распродава со историјата и државата.-Сакам да од тука да им порачаме на оние кои виткаа кичми и на кои кажуваа дека не им приличи патриотизмот, дека ова што го прават денес не се разл

Пронајдете не на следниве мрежи: