Нацистите владеат со светот: Тајна организација со децении ги контролира светските случувања

Нацистичка Германија е поразена во 1945 година, а на голем број од водачите на таа монструозна држава им беше судено во Нирнберг. Меѓутоа, некои теоретичари на заговор тврдат дека многу нацистички водачи ја преживеале војната, се прегрупирале и создале Подземен рајх.Многумина веруваат дека таа таинствена организација скоро 70 години ги контролира најголемите светски сили и влијае на насоката на најважните светски случувања.
-Кон крајот на август во 1943 година, д-р. Александер Лоудон, кој бил холандски амбасадор во Вашингтон, рекол дека нацистичките лидери сфатиле дека ќе ја загубат војната и затоа почнале да се подготвуваат да оформат тајна организација. Нивната цел веќе не била да победат во воениот конфликт, туку подготовка за наредна голема војна – напишал новинарот Курт Рајс уште во 1944 година.
Морничава прогноза
Курт тогаш најави дека Адолф Хитлер ќе настрада во еден од своите бункери и дека неговото тело никогаш нема да биде пронајдено, со што „подземјето“ ќе ја искористи целата ситуација со тек на време да направи херој од него.
-Не е лесно да се рече колку време ќе им биде потребно на нацистите да се вратат на површината. На италијанското подземје му беше потребно половина век да ги исполни своите цели, на ирското цел век,а на руските социјалисти 25 години. Не е доволно да се ослабне Германија, а да се зајакне СССР или обнови Франција, бидејќи Германија нема долго време да остане слаба. И сѐ додека оваа држава јакне, ќе живее и ќе цути нацистичкото подземје. Доколку не ги сопреме, тие ќе се прошират во сите земји од светот – предупреди Рајт за време на војната.
Еден чекор понапред во испитувањето беше направен од страна на американскиот новинар Пол Менинг. Во книгата „Мартин Борман – нацист во егзил“ (1980), тој наведе дека планот на кој Рајс ги предупредил луѓето е остварен, дека дошло до создавање на Подземен рајх и дека на негово чело стои некогашниот секретар на Хитлер.
Откривање на водачот
-Мартин Боман е жив и е најзаслужен за повоениот развој на Западна Германија. Доказите за тоа дека преживеал би ги посрамело владите кои му помогнале да избега, но и индустриските и финансиките лидери кои имале корист од неговата остроумност и кои го имаат префрлено својот капитал во неутрални земји, како и бизнисмените од четири континенти кои оствариле одлична заработка од вкупно 750 корпорации кои биле основани од негова страна. Во тие корпорации тој има префрлено пари, патенти и обврзници – напишал Менинг.
Тој објаснил дека Мартин Борман официјално починал на 1 мај 1945 година. Но, како што вели, во ова не поверувале ниту советските агенти, ниту ловците на нацисти.
-Организацијата на Борман и понатаму има огромно економско влијание. Богатството непрестано се влева во трезорите на нивните корпоративни ентитети во Јужна Америка, САД и Европа. Таа организација е најголем земјопоседник во Јужна Америка, а ја контролира и германската тешка индустрија, како и фондовите со кои што управувал Херман Шмиц, партнерот на Рокфелерови во „Standard Oil“ – пишува Менинг.

Економско влијание
Публицистот Дејв Емори верува дека со парите кои биле украдени за време на војната, нацистите преку организацијата на Борман создале вистинска подземна империја и дека имаат поставено свои луѓе на високите положби во голем дел од државите на Јужна Америка, но и во Германија и САД. Според неговите тврдења, Подземниот рајх стои зад многу конфликти и преврати во светот. Тој верува дека тие стојат зад распадот на Југославија, а сега стојат зад конфликтот во Украина со кој западните и наводно антифашистичките земји ги промовирале следбениците на украинскиот фашист Степан Бандера и ги довеле на власт. Како што објаснува, тие го промовираат и Муслиманското братство и сличните екстремистичко-исламски организации, а целта на сето тоа е создавање на нов, нацистички поредок во светот.
Карлсон: Буш е шпион на Рајхот
Неодамна беше откриено дека Прескот Буш, таткото на едниот и дедото на другиот американски претседател, бил осуден поради тргување со непријателите за време на војната, пишува публицистот Џон Карлсон.
Меѓутоа, тој додава дека постои уште поголема тајна за семејството Буш.
-Историчарите не пишуваат како Прескот Буш и Џорџ Буш се всушност Георг Шерф и Георг Шерф Јуниор, нацистички шпиони кои се родени во Германија, а потоа се инфилтрирале во Америка. Во Белата Куќа, Буш буквално правел сѐ за да им помогне на германските корпорации и на германската влада. Дури неодама, есесовецот Ото Скорцени покажал фотографии со семејството Шерф и рекол дека на фотографиите покрај него се наоѓаат Прескот, Џорџ и Барбара Буш кои се родени во Германија – тврди Карлсон.
Тој вели и дека кон крајот на Втората светска војна, додека руските трупи се приближувале кон Берлин, нацистичките разузнавачи ѝ се приклучиле на американската разузнавачка служба и дека Подземниот рајх низ годините ја презел контролата над ЦИА.Многумина веруваат дека таа таинствена организација скоро 70 години ги контролира најголемите светски сили и влијае на насоката на

Пронајдете не на следниве мрежи: