Над 120 плацеви можност за младите преку проектот „Купи куќа за млади“ во БеровоПреку проектот “Купи куќа за млади“ на Владата на РМ, Општина Берово ја определи локацијата “Ширините“ која се наоѓа на Владимирски пат наспроти старо АТШ како можност за откупување на над 120 плацеви на државно земиште и изградба на сопствен дом за млади.
Од страна на Општина Пехчево е определена локацијата помеѓу Пехчево и с.Чифлик на месноста “Грозил“ каде е определено на површина од околу 5 хектари да се искористат околу 100 плацеви за иградба на семејни објекти преку овој проект.
Сето ова беше изнесено на трибината во рамките на караванот преку проектите “Купи куќа за млади“ и “Купи куќа, купи стан“ која се одржа во Берово и на која присутните детално беа запознаени со условите и потребните документи за аплицирање на проектите од страна на претставникот на отворената канцеларија во Берово м-р Драган Мустачки.
На трибината имаше претставници и од банките кои ги изнесоа своите услови и критериуми за одобрување на кредит за реализација на овие проекти.
Од страна на отворената канцеларија во врска со двата проекти во Берово истакнуваат дека досега во Берово има доста голем интерес и повеќе од 100 граѓани се информирале за проектите од двете општини Берово и Пехчево и истата останува отворена за информации до крајот на 2016 годинаПреку проектот “Купи куќа за млади“ на Владата на РМ, Општина Берово ја определи локацијата “Ширините“ која се наоѓа на Вла