Над 3.000 плацови и 3.000 станови за проектот „Купи куќа, купи стан“

Над 3.000 плацови и 3.000 станови кои можат да се вклопат во владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе бидат понудени на претстојниот Саем за градежништво и недвижности што ќе се одржи од 1 март на Скопски саем.Понуда ќе има од вкупно 110 компании и плацеви од 13 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.
Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски вели дека оваа Општина конкретно има еден проект што е во завршна фаза на реализација и е  во контекстот на сега актуелниот „Купи куќа за млади“, за кој има и голем интерес.
– Станува збор за населбата Јака која што се простира на 32 хектари површина и опфаќа 500 градежни парцели за изградба на семејни куќи. Парцелите се со просечни површини од 400 до 500 метри квадратни и овој проект е веќе кон крајот при што останаа уште десеттина парцели за отуѓувањ, рече Стојановски.
Информира дека минатата година во општина Илинден се издадени околу 200 одобренија за градење и оти и за останатите има исто така одобрение за градење кои веќе како инвеститори се подготвени да  учествуваат во проектот „Купи куќа за млади“.
За да се учествува во проектот потребно е одобрение за градење, а Стојановски истакнува дека како локална самоуправа овозможиле бесплатни четири типови на куќи што ги нудат на инвеститорите со цел да ги намалат давачките. Со ова, како што истакнува, се заштедуваат околу илјада евра по проект и дополнително се забрзува постапката за издавање одобрение за градење.
Во Општина Илинден, додава Стојановски, овие проекти се на располагање и потребно е само да се избере еден од проектите и се влегува во електронскиот систем за издавање одобрение за градба.
– Генерално многу е краток рокот. Кај нас реално во општината за четири дена се издава одобрението за градење и претходно има поднесување од страна на барателот. Значи, реално со делот што претставува пресметка и плаќање на комуналиите опфаќа еден краток  период од две недели. Вкупно со обврските на општината и обврските на инвеститорот за две недели веќе се стекнуваат со одобрение за градење, посочува градоначалникот на Општина Илинден.
Појаснува дека населбата е планирана како отворена модерна населба која што, прво пристапот е одличен и локацијата е одлична, се наоѓа само на само 10 километри од центарот на главниот град. Се наоѓа во централно подрачје на општина Илинден, веднаш покрај автопатот Скопје – Куманово. Во овој дел планирано е за граѓани и млади луѓе коишто реално немаат услови за веднаш да одат да купат стан или куќа со една континуирана градба и со сопствен ангажман, меѓутоа со поддршка и помош на локалната самоуправа во делот на проектирање да може со помали средства да ја изгради куќата.
Роковите, вели,  за вадење одобрение за градење се во првата година и понатаму уште четири години има рок за да се изгради куќата. – Тоа се покажа многу добро затоа што и со поддршка или континуирано со парцијални градби веќе луѓето можат да се стекнат со сопствен дом. Општината како локална самоуправа континуирано ги следиме инвеститорите и почнавме со изградба на инфраструктурата. Значи, како што течат роковите за градба на куќи, така ние како општина се обврзуваме во овој период од четири години да изградиме целосна инфраструктура. Дополнително со поддршката на Владата изградбата на инфраструктурата ќе добие и на интензитет, истакна градоначалникот Стојановски.
Цената на комуналиите во оваа општина се две евра за метар квадратен и, според него, не претставува сериозно финансиско исцрпување на младиве бидејќи за 100 метри квадратни куќа 200 евра се сите комуналии што се плаќаат на Општината.
Посочува дека интересот е зголемен сега веќе и оти се во фаза на подготовка на нови две локации за изградба на семејни куќи. Тоа е во продолжение на населбата Јака на 60 хектари со што ќе се овозможат околу 850 парцели во просек од 400 до илјада метри квадратни.
Втората локација е во Ајватовци на малку повисока надморска висина на шест хектари каде ќе се овозможат 150 локации за домување. Планирањето, како што соопшти градоначаникот, ќе оди преку Министерството за транспорт и врски и Катастарот и општините како партнери во овој нареден период така да се смета дека до крајот на годината а може и порано ќе биде и ова во подготовка.
Градоначалникот истакна дека минатата година Општината  овозможила на површини од 800 хектари услови за вклопување и можност за градба во населбите Илинден, Марино и Кадино каде што се овозможени нови две илјади локации за семејни куќи, за нови градби, надградби и вклопување на легализирани објекти. – Тоа се работи веќе за сопствености кои ќе можат во  рамки на семејството да си доградат, да си прошират куќи и да изградат нови. Бидејќи во рамките на семејството имаат земјиште со проектите кои ги нуди и општината и Министерството за транспорт и врски бесплатни веќе можат директно да учествуваат во проектот и на некој начин без реално почетни сопствени пари можат да изградат куќи. Затоа во општината имаат повеќе можности како да се стекнат со сопственост на земјиште и одобрение за градење преку готови проекти да учествуваат во проектот „Купи куќа за млади“, изјави градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски.Понуда ќе има од вкупно 110 компании и плацеви од 13 општини меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.
Градоначалникот на о

Пронајдете не на следниве мрежи: