Над 400 пензионери од цела Македонија беа гости на манифестацијата организирана од ресенското здружение на пензионериНад 400 пензионери, прeтставници на пензионерските здруженија од цела Република Македонија, денес во ресторанот „Капри“ во Туристичката Населба Крани беа гости на ресенското здружение на пензионери, во чија што организација се реализира оваа голема манифестација. На средбата покрај претседателката на Здружението на пензионери од Ресен, г-ѓа Динче Барандовска, присутен беше и претседателот на Здружението на пензионери на Република Македонија, господинот Драги Аргировски, како и многубрјни пензионерски активисти од земјава.
Во своите обраќања, двајцата претседатели ги истакнаа залагањата на пензионерските здруженија за што поголема активност и вклученост на пензионерите во сите опшествени текови и збиднувања, истакнувајќи ја притоа намерата, овој собир кој се одржува по долгогодишна пауза, да пересне во убава и благородна традиција.
На средбата беше присутен и Градоначалникот на Општина Ресен д-р. Ѓоко Стрезовски, кој во обраќањето на присутните, честитајќи им го големиот православен хрисијански празник „Св. Кирил и Методиј“ – Денот на сесловенските просветители, ги потенцира заложбите на заедницата, преку големиот број мерки насочени кон овозможување различни бенефити и придобивки, да ги претвори пензионерите во значајна категорија граѓани и неоттуѓив дел од сите наши тековни собитија.
Над 400 пензионери, прeтставници на пензионерските здруженија од цела Република Македонија, денес во ресторанот „Капри“ во Туристичката