Над 5.000 вработувања со мерките и услугите за 2015 година

Повеќе од 5 илјади вработувања се реализирани со мерките и услугите за 2015 година.-Во завршна фаза е реализацијата на оперативниот план за активни мерки и политики за вработување за 2015 година. Преку овие мерки за вработување директни, односно преку обуките и субвенционираното вработување и исто така преку услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, вкупно досега оваа година се вработија околу 5.000 лица, од кои 2.000 лица преку различните видови на обуки кои што ги реализира АВРМ во соработка со приватни провајдери кои ги обезбедуваат обуките и околу 3.000 лица успејаа да се вработат во период од 12 месеци преку индиректните мерки за вработување, односно преку услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, како што е посредување при вработување, профилирање, професионална ориентација, мотивациски обуки, истакна заменик- министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Спасов најави дека и понатму ќе продолжи реализцијата на ваквите мерки со оперативниот план за вработување за 2016 година, кои ќе започнат да се реализираат од јануари месец следната година.
-Верувам дека ќе влијаат за создавање и креирање на нови работни места и ќе влијае за намалување на невработеноста, додаде заменик- министерот
Спасов денеска заедно со директорот на АВРМ Влатко Поповски во тернинг центарот на „Семос“, ги посети лицата кои се вклучени во обуките за напредни ИТ вештини и кои по 6 месечен период ќе се здобијат со меѓународно признат сертификат.
-Станува збор за околу 270 невработени лица кои оваа година ќе поминат низ процес на сериозни обуки кои ќе траат 6 месеци. За овие намени обезбедивме околу 22 милиони денари за реализација на истите. Исто така во текот на оваа година обезбедивме и околу 6 милиони денари за основни компјутерски вештини и за странски јазик за обуки за околу 1.000 навработени лица за странски јазици и за 1.000 невработени лица за основни компјутерски вештини, потенцираше Спасов.
-За две недели ќе биде пуштен уште еден оглас за невработени лица кои се под една година во евиденција, а сакаат да слушаат „јава“ или „дот нет“, ќе може да аплицираат во Агенцијата. Огласот ќе трае 10 работни дена и на крајот ќе има тестирање за оној што е најдобар да добие можност да биде обучен. Јас се надевам дека сите оние кои се или ќе бидат на обука, по нејзино завршување и сертификацијата ќе им најдеме соодветно работно место во компаниите кои влегуваат во Македонија, а можеби и дел од нив ќе се осмелат и сами да отворат сопствена компанија, потенцираше Поповски.
Обуките за нови програмски јазици и пакети ќе продолжат и во 2016 година.
Директорката на СЕМОС едукација Валенитина Тасева нагласи дека обуките кои се спроведуваат кај нив се официјални, меѓународно признаени и се спроведуваат на ист начи како во Англија, Јапонија и каде било на друго место во светот.
– Со оваа мерка бројот на луѓето кои работат во ИТ индустријата значително ќе се зголеми, рече Тасева.
Според истражувањето спроведено во месец мај од страна на Швајцарската амбасата, како што информира таа, бројот на луѓе кои работат во ИТ индустријата е зголемен од 8.000 на 16.000 лица.-Во завршна фаза е реализацијата на оперативниот план за активни мерки и политики за вработување за 2015 година. Преку овие мерки за вработување ди

Пронајдете не на следниве мрежи: