Во осумте основни училишта во Општина Аеродром годинава ќе учат над 6.000 ученици. Од нив околу 800 се првачиња, за кои првиот училиштен ден претставува празник што се памети цел живот.Со оглед на тоа што образованието е услов за подобар живот на секој човек, Општина Аеродром заедно со раководството на основните училишта, кои се под нејзина надлежност, се погрижи на учениците да им овозможи што подобри услови за учење и свечен прием со пригодна програма за одбележување на почетокот на новата 2016/2017 учебна година.
Во текот на летото, додека траеше ученичкиот распуст, училиштата се подготвуваа за успешен старт на новата учебна година, при што дел од училиштата беа реновирани, онаму каде што имаше потреба беа извршени поправки, дел од училниците, канцелариите, ходниците и фасадите беа варосани и исчистени, а дворовите уредени.
Исто така, сите ученици во Општина Аеродром добија бесплатна училишна облека. Овој проект, кој се одвива трета година по ред, наиде на одобрување и прифаќање не само кај учениците, туку и кај родителите, бидејќи сите ученици се облечени во иста облека и на тој начин се навикнуваат на соодветен кодекс на облекување.
Оттаму, може да се рече дека основните училишта во Општина Аеродром подготвено ја дочекаа новата учебна година.Со оглед на тоа што образованието е услов за подобар живот на секој човек, Општина Аеродром заедно со раководството на основните училишта, кои се п