Завчера, од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија е распишан оглас за избор на најповолен изведувач на работите за реализација на проектот за изградба на пешачко-велосипедски патеки на брегот на Преспанското езеро. Крајниот рок за доставување на понудите е 19-ти февруари, а истиот опфаќа изградба на вакви патеки во Стење во должина од 1093 метри, на потегот помеѓу туристичките населби Претор и Сливница во должина од 2478 метри, на потегот помеѓу Сливница и Крани во должина од 1284 метри, како и во туристичкиот дел на Долно Дупени во должина од 232 метри.
Патеките опфаќаат асфалтиран велосипедски дел со ширина од 3 метри и бекатонски пешачки дел со ширина од 1,5 метри, кои ќе бидат поврзани помеѓу себе на исто ниво, а по целата должина ќе бидат хортикултурно уредени, со комплетно канделабриско осветлување по целата должина, како и со поставени клупи за одмор и корпи за отпадоци.
Инвестиционата вредност на проектот кој се очекува значително квалитативно да ја подобри преспанската туристичка понуда изнесува над 52.600.000 денари, а носителот на активностите-Општина Ресен, за реализација на овој вреден проект, средствата ги обезбеди од Владата на Република Македонија, односно од Министерството за транспорт и врски.
Крајниот рок за доставување на понудите е 19-ти февруари, а истиот опфаќа изградба на вакви патеки во Стење во должина од 1093 метри, на потегот по