Кубанците уште во вторникот забележале на небото огнена топка, слично како што беше забележан метеоритот кој падна во петокот во Русија, кај Чељабинск, пренесува во саботата Associated Press повикувајќи се на кубанските медиуми.
Според нив, небесното тело паднало на 12-ти февруари во близина на градот Сиенфуегос, југоисточно од главниот град Хавана. Нема информации за жртви или материјални уништувања предизвикани од оваа појава. Локалните власти се во потрага по фрагменти од вселенското тело.
Како што претходно беше објавено, вселенски болид сличен како оној кај уралскиот град Чељабинкс во саботата забележале жители на американската сојузна држава Калифорнија. Астрономот Џералд Меккиган претпоставува дека согорел спорадичан метеор, што не е поврзано со метеорскиот дожд во Русија, и тоа не е поврзано ниту со астероидот DA14 2012, кој во петокот навечер пролета рекордно блиску до Земјата.
Во петокот, метеорит падна на Урал и ги погоди областите околу градовите Чељабинкс, Тјумен, Курган, Свердловск, како и северниот дел на територијата на Казахстан. Падот заврши со сјаен блескот и силна експлозија. Во Чељабинск, кој се наоѓа во близина на епицентарот, од ударниот бран оштетени се илјадници згради, разбиени се околу 100 илјади квадратни метри стакло, а околу 1.200 луѓе бараа лекарска помош.
МакфаксКубанците уште во вторникот забележале на небото огнена топка, слично како што беше забележан метеоритот кој падна во