вторник, 24 ноември 2026
Најново

Над Сараево експлодира метеор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Минатата ноќ, околу половина час по полноќ, во близина на Сараево во повеќекратна експлозија низ атмосферата продрел метеор, јавуваат босанските медиуми. Босанско-херцеговската метеорска мрежа, предводена од астрономското друштво Орион и Федералниот хидрометеоролошки завод од Сараево, со камери во Сараево, Градачац и Пељешац регистрирале упад на метеорот со магнитуда над -9, што е еднакво на сјајот на Месечината во првиот квартал, пренесува Вијести.
Ова е најсветлиот метеор-болид што е забележан досега за време на пробната работа на метеорската мрежа.

Огнената топка влетала со брзина од околу 20 км на час и се угасила на височина од околу 30 километри, што, според досегашното искуство на астрономите, значи дека е можно ова тело да паднало на површината на Земјата.
Според процените на експертите од астрономското друштво Орион, местото на падот би можело да биде областа кај Зеница-Бугојно-Травник.Босанско-херцеговската метеорска мрежа, предводена од астрономското друштво Орион и Федералниот хидрометеоролошки завод од Сараево, со камери во Са

Поврзани вести