Надал – Федерер, битка на титаните за полуфинале во Синсинати

Станува мошне интересно на турнирот во Синсинати, каде во оваа фаза од натпреварувањето можеме да видиме мошне интересни дуели.Британецот Енди Мареј, последниот освојувач на Вимблдон, славеше против французинот Жилиен Бенетау во два сета.
И првиот и вториот британецот ги доби мошне убедливо, со идентични резултати од 6-2.
Швајцарецот Роџер Федерер славаше против Германецот Томи Хас, но мошне потешко отколку Мареј, натпреварот се играше во три сета.
Федерер првиот сет го загуби убедливо, со резултат 1-6, се намачи во вториот сет, каде се играше со резултат 7-5, додека пак третиот сет му припадна со резултат 6-3.
Во четвртфиналето од Синсинати се играат мошне возбудливи натпревари:
Дел Потро – Турсунов
Ѓоковиќ – Иснер
Мареј – Бердих
Надал – Федерер
Секако, припатот „дерби“ го зеде дуелот меѓу Надал и Федерер, големите љубители на тенисот со нетрпение го очекуваат овој натпревар, кој се игра во доцните часови вечерва.Британецот Енди Мареј, последниот освојувач на Вимблдон, славеше против французинот Жилиен Бенетау во два сета.

Пронајдете не на следниве мрежи: