Надал полуфиналист во Виња дел Мар

Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на турнирот во чилеанскиот Виња дел Мар. Шпанецот во четвртфиналето го победи сонародникот Даниел Химен Треверо со 6:1, 6:4.

Надал, пласман во финалето ќе се обиде да избори против Жереми Шарди, кој во полуфиналето се пласира по победата над Паоло Лоренци со 6:2, 6:3. Во второто полуфинале ќе играат Аргентинците Орасио Себалос и Карлос Берлок. Себалос, во три сета, со 6:1, 5:7, 7:6 го победи Алберт Рамос, додека Берлок без борба се пласира во полуфиналето, откако Рафин Гијом му го предаде мечот. Турнирот во Виња дел Мар е од серијата 250, а наградниот фонд изнесува 410.000 долари.
Макфакс
Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на турнирот во чилеанскиот Виња дел Мар. Шпанецот во четвртфиналето го победи с

Пронајдете не на следниве мрежи: